PowerPC: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:
== Имплементации ==
== Имплементации ==


Прва имплементација на оваа архитектура е PowerPC 601, од 1992 година
Прва имплементација на оваа архитектура е PowerPC 601, од 1992 година, базирана на RSC и ги имплементираше и PowerPC и POWER1 архитектурата истовремено. Ваквите процесори за прв пат беа применети од Apple во нивните компјутери базирани на 601. IBM имаше планов и да ги искористи овие чипови во персоналните компјутери, но Windows NT не беше спремен до 1993, а OS/2 не ја поддржуваше таа архитектура. И оперативниот систем на Apple во тоа време не поддржуваше PowerPC, но Аpple ги препишаа основните делови од оперативниот систем за оваа архитектура. Втората генерација беше чиста имплементација само на PowerPC, и беше претставена во послабиот модел  - 603 и подобриот - 604. Малку подоцна беше најавен PowerPC процесор кој ќе ги поддржува и x86 инструкциите, но ваквиот план пропадна поради големата нестабилност на прототипите. Првата 64-битна имплементација беше PowerPC 620 кој беше базиран на POWER3. Тој беше прескап за употреба во вградените уреди и беше побавен и поскап од колку што беше предвидено. Затоа не беше искористен од Apple. PowerPC 970 беше претставен во 2002 година и беше базиран на POWER4. Овој процесор беше компатибилен со 32-битните PowerPC процесори.
 
== Оперативни системи ==
 
PowerPC процесорите го поддржуваат Apple Macintosh системот од верзијата 7.1.2 сѐ до Mac OSX, Windows NT 3.51 и 4.0, од слободните оперативни системи поддржуваат Linux, [[FreeBSD]], [[NetBSD]] и [[OpenBSD]]. Повеќето големи дистрибуции како што се [[SuSE]], [[Mandriva]], [[Debian]], [[Ubuntu]](ја прекина поддршката од верзијата 6.10) имаат верзии за оваа архитектура.
 
За вградените системи поддржани се Microware OS-9, MontaVista Linux, QNX, LynxOS, VxWorks, eCos, BlueCat вграден Linux.

Преработка од 19:22, 25 мај 2007

PowerPC e RISC микропроцесорска архитектура креирана во 1991 од алијансата Apple-IBM-Motorola, позната и како AIM. Оваа архитектура првично беше наменета за персонални компјутери, но подоцна се развиваше и за вградени системи и за процесори со високи перформанси. PowerPC беше основата на иницијативата на AIM за заеднична хардверска платформа во `90-тите, но најмногу успеа во линијата компјутери на Apple Macintosh од 1994 до 2006-та година (пред Apple да премине на Intel).

PowerPC е главно базиран на постарата POWER архитектура на IBM и се уште ја има зачувано компатибилноста со неа и архитектурите останаа блиски така што истите програми и оперативни системи можат да се извршуваат на двата вида процесори. Поновите чипови од POWER серијата целосно ги имплементираат инструкциите на PowerPC.

Имплементации

Прва имплементација на оваа архитектура е PowerPC 601, од 1992 година, базирана на RSC и ги имплементираше и PowerPC и POWER1 архитектурата истовремено. Ваквите процесори за прв пат беа применети од Apple во нивните компјутери базирани на 601. IBM имаше планов и да ги искористи овие чипови во персоналните компјутери, но Windows NT не беше спремен до 1993, а OS/2 не ја поддржуваше таа архитектура. И оперативниот систем на Apple во тоа време не поддржуваше PowerPC, но Аpple ги препишаа основните делови од оперативниот систем за оваа архитектура. Втората генерација беше чиста имплементација само на PowerPC, и беше претставена во послабиот модел - 603 и подобриот - 604. Малку подоцна беше најавен PowerPC процесор кој ќе ги поддржува и x86 инструкциите, но ваквиот план пропадна поради големата нестабилност на прототипите. Првата 64-битна имплементација беше PowerPC 620 кој беше базиран на POWER3. Тој беше прескап за употреба во вградените уреди и беше побавен и поскап од колку што беше предвидено. Затоа не беше искористен од Apple. PowerPC 970 беше претставен во 2002 година и беше базиран на POWER4. Овој процесор беше компатибилен со 32-битните PowerPC процесори.

Оперативни системи

PowerPC процесорите го поддржуваат Apple Macintosh системот од верзијата 7.1.2 сѐ до Mac OSX, Windows NT 3.51 и 4.0, од слободните оперативни системи поддржуваат Linux, FreeBSD, NetBSD и OpenBSD. Повеќето големи дистрибуции како што се SuSE, Mandriva, Debian, Ubuntu(ја прекина поддршката од верзијата 6.10) имаат верзии за оваа архитектура.

За вградените системи поддржани се Microware OS-9, MontaVista Linux, QNX, LynxOS, VxWorks, eCos, BlueCat вграден Linux.