PowerPC

Од Сподели wiki
Преработка од 19:52, 25 мај 2007; направена од 62.162.76.88 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

PowerPC e RISC микропроцесорска архитектура креирана во 1991 од алијансата Apple-IBM-Motorola, позната и како AIM. Оваа архитектура првично беше наменета за персонални компјутери, но подоцна се развиваше и за вградени системи и за процесори со високи перформанси. PowerPC беше основата на иницијативата на AIM за заеднична хардверска платформа во `90-тите, но најмногу успеа во линијата компјутери на Apple Macintosh од 1994 до 2006-та година (пред Apple да премине на Intel).

PowerPC е главно базиран на постарата POWER архитектура на IBM и се уште ја има зачувано компатибилноста со неа и архитектурите останаа блиски така што истите програми и оперативни системи можат да се извршуваат на двата вида процесори. Поновите чипови од POWER серијата целосно ги имплементираат инструкциите на PowerPC.

Имплементации

Прва имплементација на оваа архитектура е PowerPC 601, од 1992 година