Xubuntu

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Xubuntu е официјален дериват на слободниот оперативен систем Ubuntu, користејќи ја Xfce работната околина. Xubuntu е наменет за корисници со послаби компјутери или за тие кои бараат високо ефикасна работна околина на побрзи системи. Се состои највеќе од GTK апликации.

Xubuntu беше оригинално најавуван дека ќе се пушти заедно со Breezy Badger (5.10) верзиите на Ubuntu серијата, но неофицијална дата на пуштање не беше одлучена спроред ова, иако името Xubuntu беше користено за брендирање на метапакет (xubuntu-desktop) кој ќе инсталира Xubuntu работна околина. Првото официјално пуштање на Xubuntu се појави на 1 Јуни, 2006, заедно со Ubuntu 6.06 серијата (вклучувајќи Kubuntu и Edubuntu) наречена Dapper Drake.

Малку прилагодена верзија од Xubuntu е носена од Linutop. Главните промени се вклучувањето на јадро и X.org драјвер кој го поддржува Linutop-овиот Geode LX CPU и неговата вградена графичка карта.

Ubuntu ја користи GNOME работната околина, како и GNOME апликации. Xubuntu ја користи Xfce работната околина која, користејќи помалку системски ресурси работи подобро на стари компјутери. Xubuntu исто така содржи главно GTK апликации кои се дизајнирани да користат помалку системски ресурси од нивните GNOME делови.

Надворешни врски