Зошто ОДФ

Од Сподели wiki
Преработка од 18:34, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (4 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

"Зошто ODF?" - важноста на ОДФ за владите

Документите се крвотокот на модерните влади и нивните граѓани. Владите користат документи за да го зачуваат знаењето, за да зачуваат критични информации, да кординираат активности, да мерат резултати, и да комуницираат интерно со другите оддели, со компаниите и граѓаните. Сѐ повеќе документи се префрлуваат од хартиена во електронска форма. Со цел да се адаптираат на брзиот напредок на технологијата и работењето на компаниите, владите мора да се осигураат дека можат да имаат пристап, да преземаат и да користат критични податоци, сега и во иднина.

Отворениот формат за документи (ODF) одговара на овие проблеми со стандардизирање на форматот со цел на владите да им се даде целосна контрола над нивните документи. Владите што користат апликации кои подржуваат ODF добиваат зголемена ефикасност,поголема флексибилност и поголем избор на технологијата што ќе се користи, што води до подобрена способност за комуникација со јавноста и се става во нејзина услуга.

ODF е единствениот интернационален отворен стандард за електронски формати поддржан од ISO.

ODF е единствениот отворен стандард за канцелариски апликации, и е комплетно независен од производителите. Развиван преку транспарентен систем од повеќе производители и повеќе акционери, членки на OASIS (Organisation for the Advancement of Structured Information Standards), ODF е отворен датотечен формат, базиран врз XML, кој може да се користи за прикажување, зачувување и уредување канцелариски документи како што се текстови, табеларни пресметки, графикони и презентации. Тој е слободен за имплементација и користење и не е ограничен со какви било лиценци, такси или други рестрикции. Во Мај 2006 беше едногласно поддржан како ISO и IEC стандард.

Владите и компаниите го прифаќаат ODF

Промоцијата и користењето на ODF расте рапидно, покажувајќи ја глобалната потреба за контрола и избор во апликациите за документи. На прмиер, многу развиени влади во светот прават политички одлуки да преминат кон ODF. Во водечките земји кои користат ODF се и Белгија, Бразил, Комонвелтот на Масачусец, Данска, Норвешка, Франција, и Тајланд. Некои од овие влади и многу други веќе успешно користат апликации што подржуваат ODF. Освен овие политички акции за преминување кон ODF, повеќе од 50 федерални агенции и државни/локални тела во светот користат канцелариски апликации што подржуваат ODF.

Компаниите одговараат на потребите на владите и нивните потрошувачи со имплементирање на ODF во нивните производи. Денес постојат разновидни апликации што подржуваат ODF, од слободните решенија како OpenOffice.org и Koffice па сѐ до комерцијални софтвери како StarOffice на Sun и Workplace на IBM. Комплетната листа може да се најде на http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_applications_supporting_OpenDocument.

Предностите на ODF се видливи, а клучните придобивки за владите се:

  • Поседување на информацијата. Алармантно, владите денес не можат вистински да ги поседуваат нивните документи. Тие можат да ја изгубат способноста да пристапат, менуваат и зачувуваат архивирани документи во некое идно време. ODF, како отворен, издржлив стандард, може да осигура дека владиниот документ зачуван денес нема да биде технолошки заклучен или напуштен утре. Владите не смеат да си дозволат да бидат зависни од технологијата на еден понудувач за користење на нивните информации.
  • Пристап. Грижите за долготраен пристап до документите се реални. Владите и нивните граѓани постојано се мачат да отвораат постари документи. Уште повеќе, доколку не можат да се отворат, документите понекогаш не може да се дешифрираат бидејќи техничките спецификации со кои се направени не постојат. Целосно слободниот ODF ги решава овие проблеми.
  • Независност од апликацијата. ODF помага да се направи поделба меѓу документот (информацијата) и апликацијата што го создала. Овој документ подоцна може да се обработува со друга апликација, транспарентно и со висока верност, без никаква употреба на сопственички код или други рестрикции.
  • Конкуренција. Бидејќи ODF е вистински отворен стандард, тој ги изедначува условите за повеќе софтверски компании да се натпреваруваат во функционалноста и цената.
  • Избор. Владите се често врзани со стратегијата, цените и надградбите на софтвер од еден набавувач, понекогаш без разумен пристап до вистински алтернативи. ODF обезбедува поголем избор поради конкуренцијата помеѓу понудувачите, вклучувајќи и сопственички и слободни апликации.
  • Пониска цена. ODF е ефтино решение бидејќи конкуренцијата помеѓу апликациите кои го имплементираат ODF ќе обезбеди разновидни решенија (вклучувајќи и слободни решенија) по конкурентни цени. Ова исто така ќе им помогне на граѓаните кои нема да имаат потреба да купат посебна апликација за да пристапат до владините информации бидејќи бесплатни решенија веќе постојат.
  • Иновација. ODF обезбедува платформски независно решение врз кое секоја компанија може да создава нови апликации и сервиси. Со обезбедување на основен отворен стандард, документите ќе останат пристапни дури и откако ќе бидат додадени иновациите.
  • Зачувување на културното богатство. Како што повеќе и повеќе документи од потенцијално историско значење се создаваат и зачувуваат во дигитална форма, важно е владите да ја зачуваат способноста да ги зачуваат овие документи и датотеки слободни и пристапливи не само денес туку и за идните генерации. Моментално на пазарот ODF е единствениот отворен, XML-базиран формат за документи кој го задоволува овој тест за јавните служби.
  • Справување со итни ситуации. Потребата за отворени стандарди е исто така важна во справувањето со итни ситуации. Кога цунамито го удри Тајланд, неговата влада и домашните и интернационалните агенции не можеа да споделат и да осигураат пристап до информации важни за спасувачката операција, бидејќи сите користеле различни податочни формати и формати за документи. Јавниот пристап до важни владини сервиси, во итни ситуации или други, никогаш не треба да биде ограничен на еден тип софтвер.

Со спектар на отвореност, целосно отворени стандарди можат јасно да се дефинираат

Отвореноста е континиум со различни степени. Кога се сметаат технологии кои влијаат на размената и интеракцијата на информации, паметно е да се изберат технологии кои се отворени колку што е можно повеќе и кои го покажуваат потенцијалот да еволуираат кон целосна отвореност. На најотворениот крај на спектарот, отворените формати се:

  • Развивани, одржувани и контролирани од организација за отворени стандарди чиј развој и менаџерски процес е добро дефиниран, заеднички, демократски и инклузивен. Со стабилност и осигурување за отворен и фер пристап, барањата можат да бидат поднесени, приориризирани и вметнати во спецификацијата. Телото одговорно за стандардите може да ја поедностави правилната еволуција на спецификацијата во поширокиот екосистем од поврзани и комплементарни отворени стандарди. Со овој пристап, еден понудувач не може своеволно да го промени форматот и условите за лиценцирање на штета на другите. Идеално, отворениот формат е отворен за опширни јавни испитувања барем еднаш во неговиот животен циклус, со коментари што се долго дискутирани и е делувано според нив, доколку е потребно. Организации кои нудат членство со разумни услови на индивидуални лица, крајни корисници и други заинтерисирани групи исто така се пожелни бидејќи тие дозволуваат пошироко учество во стандардот од акционерите.
  • Издавани без рестрикции и посебни бенефиции. Секој, вклучувајќи ја и самата влада, може слободно да ги види спецификациите и може слободно да дизајнира имплементации за создавање, менување и зачувување на документи. Не постои никаква забрана која ќе го ограничи користењето во каков било софтвер, дали е тоа посебен код на корисникот, сопственичка апликација или слободен софтвер.
  • Достапни за користење во индустријата. Ова ги отстранува вештачките бариери за влез на пазарот, промовира здрава конкуренција, ја зголемува економичноста и овозможува иновативни алтернативи.
  • Целосно и независно имплементирани од повеќе софтверски понудувачи на повеќе платформи без никакви сопственички лиценци за потребната технологија. Имплементацијата на отворените формати од повеќе понудуначи овозможува избор и долговечност и стимулира иновации. Понатаму, спецификацијата е поддржана од неколку апликации со докажана интероперабилност. Една валидна имплементација на отворениот формат може целосно да работи со друга имплементација, овозможувајќи им на корисниците полесно да комуницираат меѓу себе и да делат информации.

Купувачите треба да поставуваат прашања

Додека многу влади и софтверски понудувачи ја препознаваат вредноста на отворените стандарди и го прифаќаат ODF и отвореноста, купувачите треба да обрнат внимание кога разгледуваат решение доколку сакаат да се осигураат за флексибилноста и интероперабилноста на отворените формати за документи.

  • Проверете го основниот формат за зачувување. Некои наводни отворени решениа бараат корисничка интервенција да ги зачуваат датотеките во било кој друг формат, освен во основниот затворен формат. Дизајнирана да биде склона кон сопственичките формати така што ќе зачувува во нив (вклучувајќи „автоматско зачувување“), оваа скриена опција создава зголемена зависност на корисникот кон помала група на понудувачи.
  • Прашајте за сопственичките ознаки во XML-спецификацијата. XML дозволува создавање на секакви ознаки, дури и специфични, не преносливи, сопственички податочни ознаки. Ако значењето на информацијата меѓу ознаките е непознато, друга апликација нема да може да ги прочита ознаките, дури и ако може да ја прочита шемата. Во некои ситуации, понудувачите создаваат ознаки кои имаат нечитлива, сопственичка, непренослива информација читлива само на една платформа. Оваа пракса на создавање нејасни ознаки и нивно менување го отежнува пристапот и манипулацијата со датотеките.
  • Разберете ги процедурите за консултација за модификациите. Доколку некој формат е целосно лиценциран а не контролиран од отворена организација, тој може да биде модифициран и променет без консултација, давајќи сопственичка контрола на еден понудувач.
  • Прашајте за повеќеплатформска портабилност. Дали на документ направен на една платформа или оперативен систем може му се пристапи и да биде целосно уредуван на друга платформа или оперативен систем?

Или дали корисниците на документот се обврзани да ја користат истата платформа за пристапување до документот како таа на која е создаден. По неколку децении кога документот сѐ уште треба да биде читлив, дали таа платформа сѐ уште ќе биде достапна?

Инсистирањето на ODF има смисол

Владите треба агресивно да преминуваат на користење на отворените датотечни формати како прашање на принцип и да бараат подршка за ODF. Во софтверските набавки, владите можат да инсистираат на ODF. За да се постигнат придобивките од сѐ присутните отворени формати побрзо, владите треба да:

  • Инсистираат на понудувачите да имплементираат ODF во нивните апликации како основна опција за зачувување.
  • Охрабрат учество од акционери, вклучувајќи корисници во техничкиот комитет на OASIS, да ги поддржат соодветните технички придонеси (пр. со донирање разни шеми) и да започнат со поактивно учество во развивањето на сосема отворен стандард.
  • Да продонесат барања на корисниците на техничкиот комитет на OASIS за ODF.

ODF-алијансата обезбедува одлични ресурси

ODF-алијансата, основана во март 2006 година, ја промовира и ја развива употребата на Отворениот Формат за Документи (ODF), за државните администрации да имаат поголема контрола и директен менаџмент на нивните документи, и да осигура дека јавниот пристап до владините сервиси не е ограничен само на корисници на еден тип софтвер. Брзината на развивање на ODF се рефлектира со наглото зголемување на бројот на членовите на ODF-алијансата, која пораснала од 36 организации до 360 организации во преку 50 земји за помалку од една година. Нови членови се добредојдени. Веб-страницата на Алијансата служи како одличен ресурс за оние што сакаат да се приклучат, да дознаат повеќе за ODF или да имплементираат ODF во нивните влади.

Посетете ја ODF-Алијансата за повеќе информации.