СиТv2.0:Приказната за Марија

Од Сподели wiki
(Пренасочено од Приказната за Марија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Автор: Јован Наумовски

Марија отсекогаш имала домашен компјутер. Се сеќава како кога беше малечка заедно со него учеше да чита, заедно пееше песни за деца, компјутерот ѝ читаше книги, со него си играше. Подоцна кога почна да оди на училиште на компјутерот пишуваше домашни работи, на него истражуваше, го користеше Интернетот, се допишуваше со другарките и со момчињата. Дојде време кога Марија требаше да студира. Таа избра книжевност, бидејќи отсекогаш уживала да чита од огромните Интернет библиотеки, полни со секакви книги кои можеше слободно да ги снима и да ги чита колку што сака. Бидејќи нејзиниот компјутер беше стар, таа мораше да си купи нов, за да може успешно да си ги сработува нејзините задачи. Марија го одбра најновиот модел од RX компјутерите, кој беше споменуван како најбрзата и најстабилната машина што постои, со некои нови заштити за приватноста и бесконечен број можности. Тоа можеби и беше конечната одлука, се чинеше дека тоа е се што ѝ требаше, навидум. Стариот го остави во компанијата од каде што го набави новиот компјутер и најверојатно уште веднаш беше ставен во листа на чекање за рециклирање на мобилни и непреносливи компјутери.

Марија среќно го однесе дома нејзиниот нов компјутер. Низ веселата насмевка и задоволството што течеше низ нејзините вени ја гледаше таа мала коцка, со заоблени рабови и свететликаво сино светло. Задоволството беше уште поголемо бидејќи амбиентот кој компјутерот го правеше одговараше со нејзините завеси. Го стави на работната маса и го пушти. За разлика од стариот, овој се пушти веднаш и не требаше да ја чека досадната црна лента да се наполни, за да си ја провери е-поштата и да почнe да чита книги. Се појави интересен интерфејс со провидни прозорци и шарени икони. На екранот се појавуваа разни анимации. Марија не се разбираше од компјутери, но можеше да ја забележи разликата. Има нов систем, а за него слушнала на телевизија дека ќе биде задолжителен од Божиќ.

Почнаа обврските на факултет и Марија требаше да напише есеј за литературата во 90тите години на 20тиот век. Не требаше многу да се мисли каде да бара, се знае - на Интернет. Марија се врати дома и го вклучи новиот компјутер. Се поврза со електронската библиотека, но екранот на компјутерот за затемна и се појави мало прозорче во кое пишуваше „Изворот на книги кој го одбравте е невалиден и не е компатибилен со вашиот систем. Kористете го легитимниот извор на книги за RX архитектурите на Интернет, кој ќе го добиете со јавување на 0800 1 4848 и активирање со помош на кодот кој ќе Ви го даде операторот“. Ова ѝ беше чудно на Марија, бидејќи таа можеше без проблем да ги чита нејзините книги на стариот компјутер. Знаеше дека проблемот лежи во новиот систем. Тоа што ја правеша ситуацијата понапната беше терминот за завршување на есејот на Марија, таа мораше да го заврши за два дена. Но без книгите на Интернет, таа не можеше да го доврши. Реши да побара помош од нејзините пријатели. Но, некои од нив исто така купиле нов компјутер и се соочиле со истиот проблем, немаат пристап до старата слободна Интернет библиотека. Другите ѝ рекоа дека Интернет библиотеката била затворена поради „непочитување на новите закони за дистрибуирање на знаењето“ и дека врската се пренасочувала кон библиотеката на RX. Марија се врати дома и беше забележливо нервозна. Сакаше да се опушти со лесен филм, како што правеше секогаш. Стави еден од PH дисковите во новиот компјутер и седна пред екранот за филмови. Но наместо да почне филмот, се појави прозорец на кој пишуваше „Медиумот кој го пуштивте ги крши новите закони за дистрибуирање на филмови, музика и книги. Самоуништување....“. По неколку секунди излезе дискот скршен на половина. Марија речиси крикна од нервоза и разочарување.

Со солзлив блесок во очите, отиде во најблиското кафуле и си нарача пијалок. Таму ги слушаше другите како зборуваат за проблемите со новиот систем. Ставајќи ги рацете на ушите, лесно кубејќи си ја косата, вниманието и го привлече веќе видениот леток кој овојпат стоеше под стаклото на масата каде што седеше. Ист таков леток ѝ дадоа група чудни момци пред неколку дена, но таа ги игнорираше бидејќи изгледаа стереотипно компјутерџиски. Исто ѝ дадоа и интересен диск, но таа не го проба, бидејќи тие ѝ кажаа дека на дискот има систем кој е отпуштен...или...ослободен...слободен! Да, слободен. На него прочита дека претстои дигитална револуција, ослободување на системот, на софтверот. Прочита за активистите на слободниот дигитален свет, прочита дека постојат луѓе кои сакаат да понудат слободен пристап до трудовите кои произлегле од нивната креативност!

Кога се врати дома, Марија го стави дискот кој го доби од активистите во новиот компјутер. Се подигна нов систем. Тој систем беше исто толку светкав, шарен и интересен како RX. Но, имаше разлика. Марија успешно влезе во Интернет библиотеката и си ги најде потребните книги за есејот. Не ѝ беше побаран никаков код, ниту ѝ се појави страница на која пишува дека нешто е забрането. Марија беше среќна и задоволна. Можеше на новиот компјутер да прави сѐ, а и повеќе. Работи кои не ни помислувала дека може да ги прави како што се помагање во изработка на програми за препознавање на книжевни стилови од дигитален текст, итн...

За жал, не беа сите среќни како неа. Некои сѐ уште не го откриле слободниот свет како Марија. Таа им кажа на сите свои пријатели. И сите постепено го откриваа тој нов свет. Светот на слободата.