OpenSolaris

Од Сподели wiki
(Пренасочено од Solaris)
Прејди на: содржини, барај

OpenSolaris е проект креиран од Sun Microsystems за да се развие заедница од развивачи околу Solaris технологијата за оперативни системи. Проектот е насочен кон развувачите, администраторите на системи, и корисници кои сакаат да развиваат и подобруваат оперативни системи. Од Април 2007, преку 40,000 членови се регистрирани на OpenSolaris.org, од кои преку 11,000 не се вработени во Sun. Активно расте заедница од групи на корисници на OpenSolaris низ целиот свет, и десетици од технолошки OpenSolaris заедници и проекти се формираат на OpenSolaris.org.

OpenSolaris е изведен од кодот на Unix System V Release 4, иако променет со големи модификации направени од Sun откога ги купи правата за кодот во 1994. Ова е единствениот достапен дериват на System V кој е слободен софтвер. Компонентите кои се слободен софтвер се „слики“ од најновиот Solaris систем кој е под развој. Следните верзии на Solaris ќе се базираат на технологијата од OpenSolaris проектот.

Надворешни врски