XGL: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (11 ревизии: initial)

(Не се прикажани 3 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 61: Ред 61:
=Некои поважни кратенки на тастатура за compiz=
=Некои поважни кратенки на тастатура за compiz=

CTRL + ALT + Left/Right - Менување на страна на коцката.\\
CTRL + ALT + Left/Right - Менување на страна на коцката;

CTRL + ALT + SHIFT + Left/Right - Носење на тековниот прозорец на друга страна на виртуелната коцка.\\
CTRL + ALT + SHIFT + Left/Right - Носење на тековниот прозорец на друга страна на виртуелната коцка;

CTRL + ALT + Лев Клик - Вртење на коцката рачно со помош на глувчето\\
CTRL + ALT + Лев Клик - Вртење на коцката рачно со помош на глувчето;

F12 - Прегледно редење на сите прозорци на површината на работната околина\\
F12 - Прегледно редење на сите прозорци на површината на работната околина;

Alt- Tab - менувач на прозорци\\
Alt- Tab - менувач на прозорци.

[[Категорија:Сервер]]
[[Категорија:X.org]]

Последна преработка од 17:33, 29 јануари 2011

Упатство за инсталирање на XGL

Ова е упатство за инсталирање на XGL на SuSE Linux 10. Во верзијата 10.1 која треба да излезе на 25 април 2006 XGL е официјално поддржан, па упатствата кои следуваат нема да важат за таа верзија. Ако не знаете што е XGL посетете ја страницата на Novell.

Упатството во иднина ќе биде ажурирано со начин на XGL инсталација за други дистрибуции.

Инсталација на библиотеки и потребни пакети

Прво треба да се инсталираат следниве библиотеки:

Пакетите се инсталираат исто како и било кој друг rpm пакет за SuSE:

# su
# rpm -i _package_.rpm

каде _package_.rpm е име на пакетот. На пример: rpm -i libdrm-2.0-5.i586.rpm

После инсталацијата на библиотеките потребно е да се инсталира пакет за компатибилност на XGL:

Потоа се инсталира XGL пакетот:

xgl-cvs_060214-2.i586.rpm

Ако при инсталацијата на пакетите не се појавија никакви грешки, отворете го како root следнава датотека за уредување:

# su
# gedit /etc/sysconfig/displaymanager

во неа барајте ја линијата која содржи "DISPLAYMANAGER_XSERVER" и наместо Xorg напишете Xgl. Исто како root отворете ја следнава датотека за уредување:

# su
# gedit /etc/opt/kde3/share/config/kdm/kdmrc

во неа сменете го ServerCmd=/usr/X11R6/bin/X -br во ServerCmd=/usr/X11R6/bin/Xgl -br. Зачувајте ја датотеката и напишете во терминал емулатор(Konsole):

# su
# SuSEconfig

Рестартирајте ја тековната X сесија (Ctrl+Alt+Backspace). Логирајте се повторно и инсталирајте го компиз менаџерот за прозорци кој содржи воодушевувачки ефекти на работната околина:

compiz-0.0.3-2.i586.rpm

Во System->Gnome Control Centre->Sessions во јазичето Startup Programs притиснете Add и во полето за текст внесете:

# compiz --replace gconf decoration wobbly fade minimize cube rotate zoom scale move resize place switcher

Уште еднаш притиснете на Add и во полето за текст внесете:

# gnome-window-decorator

Рестартирајте го GNOME. Сега треба да ги имате сите ефекти на compiz

Некои поважни кратенки на тастатура за compiz

CTRL + ALT + Left/Right - Менување на страна на коцката;
CTRL + ALT + SHIFT + Left/Right - Носење на тековниот прозорец на друга страна на виртуелната коцка;
CTRL + ALT + Лев Клик - Вртење на коцката рачно со помош на глувчето;
F12 - Прегледно редење на сите прозорци на површината на работната околина;
Alt- Tab - менувач на прозорци.