Согласност за добивање ubuntu прва помош: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(Нова страница: Согласност за добивање помош Пред да побарате Убунту прва помош, прочитајте го овој документ...)
 
Нема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:


Ако не се согласувате со овие услови, не дозволувајте никој да го чепка вашиот компјутер. Доколку дозволите да се работи на вашиот компјутер, тогаш се смета дека сте се согласиле со овие услови.
Ако не се согласувате со овие услови, не дозволувајте никој да го чепка вашиот компјутер. Доколку дозволите да се работи на вашиот компјутер, тогаш се смета дека сте се согласиле со овие услови.
[[Категорија:Хаклаб]]

Преработка од 13:46, 12 октомври 2009

Согласност за добивање помош

Пред да побарате Убунту прва помош, прочитајте го овој документ внимателно. Овој документ ги регулира одговорностите на актерите во овој настан. Пред да почне било каква интервенција на вашиот компјутер, ќе бидете прашани дали се согласувате со условите од овој документ. Ако не се согласувате, тогаш не дозволувајте никој да го чепка вашиот компјутер.

Доколку сакате да учествувате на Убунту прва помош треба да се согласите:

  1. Дека вашата согласност со овие услови е потребна за да се оствари инсталирањето на софтверот и да ги добиете потребните услуги од членовите на Слободен Софтвер Македонија задолжени за инсталацијата (во понатамошниот текст инсталирачите).
  2. Дека инсталирачите не ветуваат дека работа која ќе се работи на вашиот компјутер ќе заврши успешно. Инсталирачите ќе ви помогнат вам да се обидете да го инсталирате, конфигурирате и на друг начин оспособите оперативниот систем GNU/Linux на вашиот компјутер. Сепак поради можни дефетки во компјутерскиот софтвер и компјутерскиот хардвер, како и поради погрешно конфигуриран компјутерски хардвер, не секој обид за инсталација завршува успешно.
  3. Дека процесот на инсталирање, конфигурурање и друго приспособување на оперативениот систем GNU/Linux содржи инхерентни опасности кои не можат да бидат отстранети преку ниедно ниво на стручност, внимание, и грижа. Дека секој обид за реконфигурирање на компјутерот, особено секој обид за репартиционирање на дискот може да доведе до губење на некои или сите податоци кои се наоѓаат на него. Дека со ова ве советуваме да направите резерва (back-up) на сите важни податоци кои се наоѓаат на вашиот хард дикс пред да се обидете да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер.
  4. Дека ризиците и опасностите искажани погоре ви се сосема јасни.
  5. Дека со согласување со овие услови вие ги ослободувате инсталирачите од било каква законска одоговорност која тие би ја имале, а во врска со обидот за инсталирање, конфигурирање и на друг начин оспособување на оперативниот систем GNU/Linux на вашиот компјутер. Дека тоа ослободување се однесува, но не е ограничено, на загубите предизвикани од наневнимание на инсталирачите во обидот за инсталирање, конфигурирање и на друг начин оспособување на оперативниот систем GNU/Linux на вашиот компјутер.

Ако не се согласувате со овие услови, не дозволувајте никој да го чепка вашиот компјутер. Доколку дозволите да се работи на вашиот компјутер, тогаш се смета дека сте се согласиле со овие услови.