Упатство:MoinMoin: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 3: | Ред 3: | ||
Целта на ова упатство е целосно инсталиран и функционален [http://moinmo.in/ MoinMoin] wiki софтвер во [http://modwsgi.org mod_wsgi] околина, во Linux. | Целта на ова упатство е целосно инсталиран и функционален [http://moinmo.in/ MoinMoin] wiki софтвер во [http://modwsgi.org mod_wsgi] околина, во Linux. | ||
MoinMoin е wiki софтвер напишан во Python. Главната разлика со на пр. MediaWiki е што MediaWiki е претежно ориентиран кон јавни wiki-ја, додека MoinMoin овозможува поголема контрола, посебно преку флексибилниот ACL систем. Исто така згодно е што може да се проширува со богата палета на Python код. Некои сајтови кои користат MoinMoin се https://help.ubuntu.com/community/ | MoinMoin е wiki софтвер напишан во Python. Главната разлика со на пр. MediaWiki е што MediaWiki е претежно ориентиран кон јавни wiki-ја, додека MoinMoin овозможува поголема контрола, посебно преку флексибилниот ACL систем. Исто така згодно е што може да се проширува со богата палета на Python код. Исто така има можност за подобро организирање на страните, во хиерархија и категории и може да користи повеќе markup јазици за содржината. MoinMoin не користи база на податоци и си има сопствен full-text search. Некои сајтови кои користат MoinMoin се [https://help.ubuntu.com/community/ Ubuntu], [http://fedoraproject.org/wiki/ Fedora], [http://wiki.debian.org/ Debian] и други. | ||
mod_wsgi е модул за Apache кој го вклучува Python интепретерот директно во Apache web серверот и овозможува на едноставно сервирање на WSGI апликации. mod_wsgi е напишан како одговор на mod_python модулот кој со годините стана прекомплициран и напластен од проблеми за кои нема лесно решение. Ако прашањето е Python+Apache, одговорот е mod_wsgi. | mod_wsgi е модул за Apache кој го вклучува Python интепретерот директно во Apache web серверот и овозможува на едноставно сервирање на WSGI апликации. mod_wsgi е напишан како одговор на mod_python модулот кој со годините стана прекомплициран и напластен од проблеми за кои нема лесно решение. Ако прашањето е Python+Apache, одговорот е mod_wsgi. | ||
Оваа комбинација сметам дека е најдобра варијанта од сите за хостирање на MoinMoin wiki, па и за wiki софтвер воопшто. | |||
За упатствово се користени последните верзии на MoinMoin (1.6.2) и mod_wsgi (2.0) кои беа достапни во времето на пишување. Упатството е тестирано на Убунту-сервер [http://www.ubuntu.com/products/whatisubuntu/serveredition/jeos JEOS] (не за друго, истовремено го тестирав и него). | За упатствово се користени последните верзии на MoinMoin (1.6.2) и mod_wsgi (2.0) кои беа достапни во времето на пишување. Упатството е тестирано на Убунту-сервер [http://www.ubuntu.com/products/whatisubuntu/serveredition/jeos JEOS] (не за друго, истовремено го тестирав и него). | ||
Ред 44: | Ред 46: | ||
Откако е поставена онсновната инфраструктура, продолжуваме со креирање на wiki инстанца. Wiki инстанци може да имаме повеќе секоја со посебен изглед, посебни преференции и сл. Првото wiki нека се вика my-wiki. Сеуште во директориумот со отпакуваниот source на moin (moin-1.6.2/) ги извршуваме следниве команди: | Откако е поставена онсновната инфраструктура, продолжуваме со креирање на wiki инстанца. Wiki инстанци може да имаме повеќе секоја со посебен изглед, посебни преференции и сл. Првото wiki нека се вика my-wiki. Сеуште во директориумот со отпакуваниот source на moin (moin-1.6.2/) ги извршуваме следниве команди: | ||
<pre> | <pre> | ||
mkdir /srv/moin/my-wiki | mkdir /srv/moin/my-wiki | ||
Ред 71: | Ред 74: | ||
== Надградба == | == Надградба == | ||
Кога би требало да го надградиме MoinMoin софтверот, прво треба да се прочитаа [http://moinmo.in/HelpOnUpdating забелешките] за новата верзија. Претежно процедурата е дека освен /srv/moin/my-wiki/data и config датотеките, сѐ друго треба да се пребрише со нови верзии (MoinMoin, htdocs, underlay). Во source дрвото на moin има и алатка за евентуална миграција на data директориумот. |
Преработка од 23:07, 17 април 2008
Упатство за инсталација на MoinMoin со mod_wsgi (по мое)
Целта на ова упатство е целосно инсталиран и функционален MoinMoin wiki софтвер во mod_wsgi околина, во Linux.
MoinMoin е wiki софтвер напишан во Python. Главната разлика со на пр. MediaWiki е што MediaWiki е претежно ориентиран кон јавни wiki-ја, додека MoinMoin овозможува поголема контрола, посебно преку флексибилниот ACL систем. Исто така згодно е што може да се проширува со богата палета на Python код. Исто така има можност за подобро организирање на страните, во хиерархија и категории и може да користи повеќе markup јазици за содржината. MoinMoin не користи база на податоци и си има сопствен full-text search. Некои сајтови кои користат MoinMoin се Ubuntu, Fedora, Debian и други.
mod_wsgi е модул за Apache кој го вклучува Python интепретерот директно во Apache web серверот и овозможува на едноставно сервирање на WSGI апликации. mod_wsgi е напишан како одговор на mod_python модулот кој со годините стана прекомплициран и напластен од проблеми за кои нема лесно решение. Ако прашањето е Python+Apache, одговорот е mod_wsgi.
Оваа комбинација сметам дека е најдобра варијанта од сите за хостирање на MoinMoin wiki, па и за wiki софтвер воопшто.
За упатствово се користени последните верзии на MoinMoin (1.6.2) и mod_wsgi (2.0) кои беа достапни во времето на пишување. Упатството е тестирано на Убунту-сервер JEOS (не за друго, истовремено го тестирав и него).
Пред да почнеме
Претпоставката е дека имате основни познавања од Apache2, каде му се конфигурациските датотеки, како се додава виртуелен host, како се рестартира и сл. Исто така познавање и снаоѓање со shell алатки многу ќе ви помогне. Конечно за еден дел од упатството ќе треба да знаете како кој user работи Apache-то - ова е различно на разни дистрибуции (www-data на Debian/Ubuntu, nobody на ArchLinux).
Поглед врз големата слика (the 10,000 feet view)
TODO
Инсталација на mod_wsgi
Шансите се дека mod_wsgi го имате како пакет во вашата Linux дистрибуција. Ако не, инсталацијата е прилично едноставна. Познатата процедура:
tar xf mod_wsgi-2.0.tar.gz cd mod_wsgi-2.0 ./configure make sudo make install
ќе работи секогаш и секаде. На крајот треба да се добие една единствена датотека во /usr/lib/apache/ (или /usr/lib/apache2/ или /usr/lib/httpd/ или сл. зависно од дистрибуцијата) 'mod_wsgi.so'.
Инсталација на MoinMoin
Стандардната инсталација на MoinMoin (python setup.py install) моментално нема опција да ги инсталира датотеките по моја желба, но затоа едноставно копирање врши работа.
tar xf moin-1.6.2.tar.gz cd moin-1.6.2/ mkdir /srv/moin cp -r MoinMoin/ /srv/moin/ cp -r wiki/htdocs/ /srv/moin/ python -m compileall /srv/moin/MoinMoin/
Креирање на wiki инстанца
Откако е поставена онсновната инфраструктура, продолжуваме со креирање на wiki инстанца. Wiki инстанци може да имаме повеќе секоја со посебен изглед, посебни преференции и сл. Првото wiki нека се вика my-wiki. Сеуште во директориумот со отпакуваниот source на moin (moin-1.6.2/) ги извршуваме следниве команди:
mkdir /srv/moin/my-wiki cp -r wiki/data/ wiki/underlay/ /srv/moin/my-wiki/ cp wiki/config/wikiconfig.py wiki/server/moin.wsgi /srv/moin/my-wiki/
Постојат две важни можности за хостирање на апликации со mod_wsgi. Првата е вграден (embedded) режим, во кој wsgi апликацијата работи со исти привилегии како Apache процесот (www-data, nobody или друго). Втората е daemon режим во кој секоја wsgi апликација си работи со посебни привилегии т.е. како посебен корисник.
Вграден режим
Во овој режим, wiki инстанцата ја доделуваме на корисникот „www-data“ за да може apache процесот да запишува во датотеките:
chown www-data -R /srv/moin/my-wiki/ [moin.conf]
Daemon режим
Овој режим е посигурен, бидејќи апликацијата си работи како посебен корисник. Во случај да имаме повеќе апликации на истиот сервер, тие апликации нема да можат да се мешаат во работата на другите. За таа цел прво ќе креираме нов корисник, па потоа на тој корисник ќе му ги доделиме датотеките од wiki инстанцата.
adduser --no-create-home --disabled-password --disabled-login \ --gecos "" --home /srv/moin/my-wiki/ --ingroup nogroup my-wiki chown my-wiki -R /srv/moin/my-wiki/ [moin.conf]
Надградба
Кога би требало да го надградиме MoinMoin софтверот, прво треба да се прочитаа забелешките за новата верзија. Претежно процедурата е дека освен /srv/moin/my-wiki/data и config датотеките, сѐ друго треба да се пребрише со нови верзии (MoinMoin, htdocs, underlay). Во source дрвото на moin има и алатка за евентуална миграција на data директориумот.