Упатство:Поставување на GRUB: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (3 ревизии: initial)
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник)
(нема разлика)

Последна преработка од 17:40, 29 јануари 2011

Поставување на dual boot со помош на GRUB (GRand Unified Bootloader)

Текстов е за подесување на dual boot (2 или повеќе оперативни ситеми на ист компјутер) со помош на GRUB (GRand Unified Bootloader). Накратко, GRUB е независен од оперативниот систем и интерактивен. Подесувања можат да се прават од неговата школка, значи не мора прво да го бутирате системот за да можете да го конфигурирате.

Ако го немате тогаш прво нешто е инсталација или комајлирање, значи:

 rpm -i grub-xxx.rpm
 instalpkg grub-xxx.tgz
 ./configure ; make ; make install

Или нешто четврто во зависност од дистрибуцијата која ја користите.

Dual boot подготовката е во 3 чекори:

i) Креирање на бутабилна дискета

Ќе ви треба дискета, најдобро нова. Или форматирајте некоја стара:

 root# fdformat /dev/fd0
 root# mkfs.msdos /dev/fd0

Форматирањето е во FAT бидејќи скоро сите оперативни системи можат да го прочитаат тој фајл систем.

Следи копирање на потребните фајлови на дискетата:

 root# mount /mnt/floppy
 root# mkdir -p /mnt/floppy/boot/grub
 root# cp /boot/grub/stage* /mnt/floppy/boot/grub
 root# umount /mnt/floppy

Остави ја дисктетата во дискетната единица. Сега треба да ја направите бутабилна (од неа да може да се извршуваат работи при стартување на системот):

 root# grub - за стартување на шелот на grub
 grub> root (fd0)
 grub> setup (fd0)
 grub> quit - И дискетата е бутабилна.

ii) Подесување на GRUB менито

Со твојот омилен едитор (тука е vim) отворете ја датотеката

 root# vim /boot/grub/menu.lst

Измени го menu.lst, така што на крај да изгледа вака:

 # By default, boot the first entry.
 default 0
 
 # Boot automatically after 60 secs.
 timeout 60
 #For booting Linux
 title  GNU/Linux
 root (hd0,5)
 kernel /boot/vmlinuz root=/dev/hda6 ro
 #For booting Windows
 title Windows
 rootnoverify (hd0,0)
 makeactive
 chainloader +1

iii) Поставување на бутабилна партиција

Сега треба да бутирате од претходно подготвената дискета. Затоа осигурајте се дека во BIOS-от дискетата е наведена како прва опција за бутирање.

Рестартирајте го комјутерот. По вчитувањето на дискетата на мониторот ќе се појави школката на GRUB. Искуцајте го следново:

 grub> root (hd0,5)
 grub> setup (hd0)
 grub> quit

Сега извадете ја дискетата и притиснете ctrl+alt+delete, и GRUB менито ќе се појави. Успешен дуал бут.

Новиот menu.lst можете да го ископирате на дискетата:

 root# cp /boot/grub/menu.lst /mnt/floppy/boot/grub/

За крај неколку забелешки: комантадата root (hd0,5) му кажува на GRUB која партиција да ја монтира, т.е. каде да ги бара своите конфигурациони фајлови. Втората команда setup (hd0), го инсталира GRUB (поточно само дел од него) во MBR на дискот.

Последна и многу важна забелешка' која се однесува на целиот процес на инсталација: GRUB користи hd0 за означување на првиот диск на системот. (Вториот диск би бил hd1. Сите дискови се бележат со hd). Според ова (hd0,0) е првата примарна партиција - тоа е Windows партицијата. (hd0,5) е / партицијата на линуксот; всушност тоа е втората логичка партиција. Значи доколку твојата партициона табела не се поклопува со оваа, прилагоди ги овие наведени конфигурациони параметри.