Упатство:Организирање на инсталационен фестивал: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (37 ревизии: initial)
 
(Не се прикажани 10 меѓувремени преработки од 3 корисници)
Ред 1: Ред 1:
MK.Installfest HOWTO
Овој документ содржи општи насоки кои можат да ви помогнат да организирате успешен инсталационен фестивал.
Овој документ содржи општи насоки кои можат да ви помогнат да организирате успешен инсталационен фестивал.

Ред 80: Ред 78:
За крај останува дефинитивно клучниот фактор за организирање на успешен ИФ - тоа се луѓето (оние кои ќе бидат водачи на организацијата). Има една реплика од Wayne's World, отприлика вака: Потребни се тројца за да се организира концерт. Еден на сцена, еден зад сцена и еден кој ќе биде вркса меѓу двајцата.

== GNU Free Documentation License ==
Сличното важи и за организирањето на ИФ. Потрени се луѓе кои ќе издвојат значаен дел од своето време за подготовките и спроведувањето на самиот настан. Веројатно најмногу работа има додека почне ИФ. Но, многу раце се потребни и за време на настанот кога ќе почнат да доаѓаат поголем број на посетители. Координирањето на сите луѓе и комуникацијата со посетителите треба да бидат на што е можно попрофесионално ниво. Некакви ознаки (name tags) за организаторите и инсталаторите можат да бидат од особена корист за посетителите да знаат кому да му се обратат доколку имаат проблем/прашање. Организаторите треба да бидат подготвени да одговорат на различни прашања, како и да не се вклучуваат во намерни расправии со посетителите.
 
== За крај ==
 
Првата верзија на документов е од 19.03.2007 год. Се надевам дека кон текстов ќе придонесат и други луѓе за тој да стане што е можно по богат и корисен.
 
Овој документ е достапен под условите на [http://www.gnu.org/licenses/licenses.html#FDL GNU Free Documentation License].
[[Категорија:Упатства]]

Последна преработка од 17:40, 29 јануари 2011

Овој документ содржи општи насоки кои можат да ви помогнат да организирате успешен инсталационен фестивал.

Вовед

Овој документ содржи општи насоки кои можат да ви помогнат да организирате успешен инсталационен фестивал. Овој документ претпоставува дека при организирањето ќе го прочитате документот Linux Installfest HOWTO од Eric (Rick) Meyerhoff кој доаѓа со документацијата на разните GNU/Linux дистрибуции или може да се најде на The Linux Documentation Project (http://www.tldp.org) и затоа нема премногу да се задржува на точките кои ги споменува тоа HOWTO.

Всушност овој документ треба да биде некаков прирачник (веројатно никогаш целосен) за тоа како да се организира инсталационен фестивал во Македонија, земајќи ги предвид пречките и можностите кои постојат во наши услови. Исто така, треба да служи како листа за проверка (checklist) при организирањето на настани од ваков тип.

Авторско право и лиценца

Авторско право (c) 2007 Новица Наков. Секој има дозвола да го копира, дистрибуира и/или променува овој документ под условите на GNU Free Documentation License, верзија 1.2 објавена од Free Software Foundation; без непроменливи текстови, без текстови на предна корица, и без текстови на задна корица. Врска до лиценцата е вклучена во делот насловен „GNU Free Documentation License“.

Опфат

Со оглед на тоа дека документот не може да биде бесконечно долг, тој ќе опфати само работи поврзани со организирањето на самиот настан, како што се одбирањето време и место, опрема, човечки и други ресурси и сл.

Верзија

Најновата верзија на овој документ секогаш се наоѓа на: http://wiki.lugola.net/index.php/Упатство_за_организирање_на_инсталационен_фестивал

Одрекување (Disclaimer)

Авторот не презема никаква одговорност за содржината на овој документ. Советите и идеите презентирани овде ги користите на свој ризик и нема никаква гаранција дека тие се точни или прецизни. Авторот не презема никаква одговорност за штетите кои би можеле да настанат, иако крајно неверојатно, од следењето на упатствата од овој документ.

Сите авторски права им припаѓаат на нивните сопственици, освен доколку не е поинаку назначено. Споменувањето на имиња на прозиводи не значи нивно промоврирање.

Што е инсталационен фестивал (ИФ)?

Инсталационен фестивал (ИФ) е настан на кој корисниците можат да ги донесат своите компјутери и со помош на поискусни корисници на слободен софтвер да инсталираат некој слободен софтвер на своите компјутери. Во Во Македонија се одржани неколку вакви ИФ, каде покрај вообичаеното инсталирање на GNU/Linux може да се добијат копии од најновите дистрибуции и друг слободен софтвер. Исто така, на некои ИФ се одржувани работилнци и презентации. Вообичано ИФ во Македонија (барем оние организирани од Слободен софтвер Македонија) се случуваат на пролет.

Планирајте го датумот и времето

Успешноста на ИФ во голема мера зависи од датумот на одржување. Организаторите на ИФ мора да внимаваат датумот да биде поволен за што поголем број на можни гости. Најчесто, ИФ се организираат за време на викенд, но мора да се внимава да се избегнуваат викенди со празници (како Велигден), викедни кои се за време на испитни сесии (бидејќи студентите се најверојатни гости на ИФ), викенди за кои се најавени други попознати или популарни настани.

Вообичаено е ИФ да траат цел ден. Посетителите најчесто доаѓаат околу пладне. Организаторите сепак мора да стигнат порано за да можат да се подготват. Се разбира, пожелно скоро се да биде подготвено уште пред ИФ да почне, за да не се губи време на монтирање компјутери, влечење кабли и сл. на денот на самиот настан.

Внимателно одберете место за одржување на ИФ

Местото на одржување на ИФ веројатно е исто толку значајно колку и датумот. Местото треба да биде доволно познато и лесно да можат да го пронајдат дури и луѓе кои не знаат точно каде се наоѓа. Исто така потребен е лесен пристап за автомобили. Треба да се обезбедат информации за тоа како најлесно и најбрзо се стигнува до местото со автобус или автомобил и тие да бидат јавно достапни.

Како што растат амбициите и потребите за организирање на ваков настан, се намалува кругот на местата на кои што може да се случи истиот. Клучни потреби за одржување на ИФ се пристапот до струја и Интернет, како и вообичаен инвентар во просторот (маси, столчиња и сл.).

Преговорите со сопствениците на просторот треба да почнат на време, за да има доволно време да се направат сите договори. Доколко организаторите не располагаат со свои средства, прибирањето на пари за да може да се отплати употребата на просторот ќе биде една од понапорните работи. Се разбира, ако сопствениците на просторот одлучат да донираат со тоа што ќе обезбедат бесплатно користење на истиот, тоа ќе значи една грижа помалку.

Пристапот до Интернет може да биде проблематичен доколку просторот нема обезбеден сопствен Интернет. Поради тоа организаторите можеби ќе треба да обезбедат поддршка од некој Интернет провајдер.

Потребна опрема

За да се одржи ИФ потребна е соодветна (компјутерска) опрема. Најчесто организаторите се тие кои сопствената опрема ја ставаат на располагање за време на ИФ. Ова се чини е некое правило во Македонија бидејќи тешко се наоѓаат организации/трговски друштва кои се спремни да донираат опрема за ваков настан. Искрено се надевам дека ова ќе се смени во иднина.

Потребната опрема може да се подели во следниве групи:

  • Десктоп или лаптоп компјутери (со режач) за режење на дискови со слободен софтвер - 3-4 парчиња;
  • Десктоп или лаптоп компјутери со инсталиран слободен софтвер (GNU/Linux) кои ќе бидат оставени за гостите да ги разгледуваат - 3-4 парчиња;
  • Монитори и периферни уреди на кои можат да се врзат куќишата за инсталирање на слободен софтвер - 3-4 парчиња;
  • Продолжни кабли за поврзување на сите овие до струја;
  • Рутер за (безжичен) Интернет;
  • Проектор за одржување на презентации.

Други потребни материјали

Промотивни материјали

Промовирањето на настанот е клучно за да има што е можно поголем број на посетители. Поставувањето на веб страница и нејзино ажурирање уште во почетоците на организирањето е корисно за луѓето да можат да следат како одат подготовките и евентуално да се вклучат и помогнат - впрочем ИФ се настани во чие организирање може и треба да се вклучи целата заедница.

Печатење на постери и летоци исто така е корисна активност. Нивното дистрибуирање треба да се планира соодветно за да се постигне што е можно поголемо информирање на јавноста. Организирање на прес конференција исто така е можност (барем во Скопје, во НВО Инфоцентарот). Доколку се известуваат медиумите, тоа треба да се направи по факс од проста причина што тие сеуште ретко читаат е-пошта.

Материјали за самиот настан

Пожелно и препорачливо е организаторите да обезбедат одредена количина на празни или веќе снимени дискови со слободен софтвер кои ќе ги делат на посетители кои дошле на настанот без да понесат свои дискови. Покрај тоа, пожелни се и разни печатени материјали кои ќе содржат информации за слободен софтвер.

За да се заштитат себе си од можни проблеми при инсталирањето на GNU/Linux дистрибуција организаторите треба да припремат и некој вид на disclamer со кој што во основа ќе кажува дека тие не преземаат никаква одговорност за било каква штета што може да се случи на компјутерите на посетителите, т.е. дека целата одговорност е на посетителите. Пример за ваков документ: http://slobodensoftver.org.mk/installfest/?s=disclamer

Луѓе

За крај

Првата верзија на документов е од 19.03.2007 год. Се надевам дека кон текстов ќе придонесат и други луѓе за тој да стане што е можно по богат и корисен.