Бонтон за ossm-members: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |

Ред 19: | Ред 19: | ||
# Само обичен текст, без html ! | # Само обичен текст, без html ! | ||
# Кога можеш, користи кирилица | # Кога можеш, користи кирилица | ||
=== Тема=== | === Тема=== |
Преработка од 23:24, 4 јуни 2007
ossm-members е поштенската листа на НВО „Слободен софтвер Македонија“.
За да на сите нас дружењето на листава ни биде пријатно, за да читањето на пораките ни биде лесно, за да во пораките има што повеќе корисен и интересен текст и што помалку глупости, за да бидеш сигурен дека твојот текст ќе биде прочитан, а не набрзинка разгледан и прескокнат... не е лошо да се држиш до некои основни правила кои и онака спаѓаат во класичниот интернет бонтон. Еве ги овде. Ако си нов член ќе биде многу корисно да ги прочиташ, а и ако си веќе резидентен, нема да биде лошо да се потсетиш на нешто.
Правила за однесување на листата
- Не е дозволено навредување на другите членови, користење на (претерано) вулгарни изрази... До сега немало вакви испади, се надеваме дека така и ќе остане.
- Не е пожелно карање со другите, но тешко дека во светов постои листа на која никогаш немало некакви ситни караници. Воздржи се ако можеш, обиди се да ја одделиш расправата во посебен thread на пораки за да оние што не ги интересира да можат лесно да ја прескокнат. До сега бевме мирољубива листа, се надеваме дека така и ќе остане.
- Доколку некој испрати порака која не е според правилата на бонтонот, немој да одговараш на пораката само за да го опоменеш дека неправилно ја напишал пораката. Забелешката за неправилно форматирана порака прати ја на приватната адреса на испраќачот или евентуално како пост-скрипт на твојата порака. Одговарај само на темата на пораката.
Како да пишуваш порака на листата
Во кратки црти
- Припазувај ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
- Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
- Цитирај го само најпотребното
- Форматирај ги пораките така да бидат лесно читливи
- Само обичен текст, без html !
- Кога можеш, користи кирилица
Тема
Потруди се во пораките да се држиш до основната тема на LUG мејлинг листата, а тоа е Слободен Софтвер и се што има врска со него.
Далеку од тоа дека атмосферата на листата треба да биде како во музеј. Добра зафрканција или интересна приказна се секогаш добродојдени - се работи за тоа да излетувањата од темата ги сведиме на разумна мера за да можеме на оваа мејлинг листа да имаме што повеќе корисни информации за Слободниот Софтвер (не заборавај дека оваа мејлинг листа може да ја прочита секој). Не се сите членови заљубени во Слободниот Софтвер: некои се овде само од радозналост, поради некој благ афинитет кон целата работа и нејасни идеи од типот на "би можел и јас еден ден да инсталирам Linux, само кога инсталацијата би била полесна...". На таквите бргу би им здодеала листа со полно пораки кои немаат врска со Слободниот Софтвер (уствари, бргу би им здодеала и на останатите).
Ако си решил да напишеш нешто што е надвор од темата, тогаш би било згодно тоа и да го нагласиш, со еден "(off topic)" кој би го додал на почетокот на насловот на пораката.
Наслов
Насловот треба колку што е можно повеќе да одговара со содржината на пораката. На секој од нас повремено ни се случува да пишува за баби, а во насловот на пораката да стави "жаби", но треба да се трудиме за некој наш состанок да не се договараме под наслов "Linux ЦД". Зошто е ова битно? Затоа што:
- Кога меѓу еден куп пораки во Inbox ќе видиш наслов "Договор за состанок во недела", тогаш знаеш дека треба да ја погледнеш прво таа порака, бидејќи е недела, 12 на пладне, а состанокот ни почнува во 17.
- Кога после две години во архивата ќе бараш нешто за OpenOffice.org, сигурно нема да ти падне на памет дека информацијата се крие во пораките кои се маскирани со наслов "Проблем".
- На листава веројатно има и членови кои се претежно заинтересирани за користење на Слободен Софтвер, но не и за сите дискусии поврзани со развој, локализација, прилагодување на Слободниот Софтвер. Од друга страна има членови кои се заинтересирани баш за ова второто. Доколку насловите се соодветни со пораките, секој од нас ќе може да ги прескокне пораките кои не го интересираат.
Цитати
Потруди се цитатите од пораката на која одговараш да се најдат на логични места во твојата порака: > Цитат на кој одговараш

Твојот одговор

> Друг цитат на кој одговараш

Твојот одговор Тешко е да се сетиш на барем една причина (освен мрзливост) поради која треба да се цитира целата порака на која се одговара. Цитирај ја само суштината, она на кое навистина одговараш, она што сакаш да го коментираш. Не допуштај да ти се испуштат "И јас исто!" или цитирање на 10 килобајти текст, за на крајот да напишеш "И јас мислам така" или недај боже едно минијатурно "Да". Особено е битно да се скратат долгите цитати, со оглед на тоа дека така пораките зафаќаат многу повеќе, а сите добро знаеме колку е "брз" и "евтин" интернетот (и телефонските импулси) во нашата земја.
Уште една лоша варијанта: комплетно цитирана порака на која одговараш е вметната под твојот одговор, затоа што твојот е-маил клиент "така работи". Ова не е само гаф и непрегледно (зошто да натераш некого да лизга до крајот на твојата порака за да види на што тоа ти си одговорил) туку е и бесмислено. Значи, одговорот се пишува под оригиналниот текст, а не над него!
Форматирање на порака
Не пропуштај да ја форматираш пораката дака да биде лесно читлива. Ако си одвоил време за да напишеш некој текст, немој целиот да го бутнеш во еден единствен пасус, инаку може да бидеш сигурен дека џабе си се трудел - повеќето оваквите пораки едвај ќе ги зирнат или ќе ги прескокнат. Сети се како те учела професорката по македонски во средно (точка, запирка, нов ред...).
Текст кој ја завзема целата ширина на екранот е напорен за читање. Направи го пократок.
Attachments
На листата не смеат да се праќаат датотеки прикачени на пораките.
Ако сакаш со членовите на листата да поделиш некоја датотека, слика, документ, можеш да испратиш порака во која ќе објасниш за што се работи и ќе дадеш интернет адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направи си некоја едноставна веб-страна на која ќе можеш лесно да си ги upload-уваш датотеките.
Текст да, html никако!
Немој на листата да испраќаш пораки во html формат! На скоро сите мејлинг листи "куќниот ред" вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни e-mail клиенти што не отвараат html пораки. Праќањето на пораки во текст формат се подесува во твојот e-mail клиент (побарај ја опцијата "use plain text only" или слично).
Кога можеш, користи кирилица
Кога можеш (доколку не те спречува маил клиентот, webmail-от или оперативниот систем) користи кирилица. Се договоривме основни енкодизи со кои ќе се пишуваат кириличните пораки на листата да бидат ISO-8859-5, Windows-1251 или UTF-8. Жалосно е да пишуваме на латиница, кога имаме наше кирилично писмо, кое веќе е подржано во речиси сите оперативни системи и маил клиенти.