ВебСиндикат: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
с (2 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:33, 29 јануари 2011
Бидејќи слободниот софтвер е општествено прашање исто онолку колку што е техничко, можеби нема да биде лошо како активисти за слободен софтвер да понудиме практична алатка што ќе помогне во врска со одредено општествено прашање.
Ми се чини дека покрај сите страници за вработување како најдиработа или добраработа, во мк веб просторот недостасува место каде што би можело да се прави рецензија на работодавчите од страна на поранешни или тековни вработени во смисла на почитувањето на правата на работиниците што се гарантирани со закон и други аспекти од работното место кои се од интерес за јавноста (пр. примена на забрана за пушење).
Страницата би требало да фукнционира слично на Yelp само наместо User Reviews and Recommendations of Top Restaurants, Shopping ќе биде User Reviews and Recommendations на компании и работодавци.
Дискусија за правење на сличен сајт како Yelp веќе постои на форумот на Drupal: http://drupal.org/node/425996
Главниот проблем што моментално го гледам е како ќе се прави верификација на корисниците. Во моментов ми се чини интересна опцијата да се плаќа 10 денари со картица за регистрација со што ќе се потврди дека човекот што се регистрира е баш тој што плаќа, иако во пишувањето и сѐ друго би се користел псевдоним/корисничко име.