Кирилична поддршка за конзола: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 02:39, 17 мај 2007

Да ја скратиме приказната ова е скриптата со која јас ја подесувам конзолата за работа со кирилица. Јас користам Slackware линукс но веројатно истите операции може да се употребат и на другите дистрибуции.

#!/bin/sh
#
#  file: /etc/rc.d/rc.console
#  setup the linux console.
#
setfont !UniCyr_8x16 -m 8859-5_to_uni.trans
loadkeys mk
echo "control alt keycode 101 = SAK" | loadkeys
echo -e "\e(K" > /etc/issue
echo "Welcome to \s \r (\l) [[кирилична конзола]" >> /etc/issue
echo >> /etc/issue

%%%


(Стара содржина. види што вреди. избриши го другото) (треба да се додадат и информации за другите дистрибуции)

За Linux конзолата постојат три македонски, кирилични мапи за тастатура. Тие се за iso-8859-5, cp-1251 и UTF-8 кодовите. Стандардна локација на мапите е "/usr/lib/kbd/keymaps/i386/qwerty/" или "/usr/share/keymaps/i386/qwerty". Најкористена е iso-8859-5 мапата, бидејќи сега за сега, iso-8859-5 најдобро функционира во Linux-от во целост.

За вчитување на мапата во кернелот се користи наредбата:

loadkeys mk-iso05.kmap

Оние поавантуристички расположените можат, да ја сменат датотеката "/usr/src/linux/drivers/char/defkeymap.map" и да ја стават оваа и да го рекомпајлираат кернелот. Со тоа македонската кирилична мапа станува дел од кернелот и не треба да се вчитува, хе, хе.

CP1251 кодната страна не е добро подржана во X window system, но сепак во конзола може да се користи, доколку некој има потреба за тоа. Освен самата мапа, потребен е и cp1251 конзолен фонт или пак cp1251 Application Charset Map, кој може да се најде тука. Стандардна локација на cp1251.acm е "/usr/lib/kbd/consoletrans" или "/usr/share/consoletrans", а се активира со:

charset cp1251.acm

или со:

consolechars -m cp1251.acm

или со:

setfont -m cp1251.acm

UTF8 мапата постои за некое време кога Unicode ќе стане пошироко употребуван. За повеќе информации види тука. Сега за сега програмите не се снаоѓаат најдобро со фактот дека за utf-8 се користат неколку бајти за една буква. Исто така во glibc-2.1 не може да се направи UTF8 locale. Се надевам дека со излегувањето на glibc-2.2 unicode подршката ќе биде на многу повисоко ниво. По вчитување на оваа мапа, додатно треба да се активира програмата "unicode_start".

Кај сите тастатурни мапи кириличен режим се активира со
win95-start или десен alt, привремено преминуваат од латиница во кирилица win95-menu или лев alt-shift, преминува од латиничен во кириличен режим.