Опис за Мозила локализациска инфраструктура: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 50: Ред 50:


Не си трошете време и енергија во објаснувањето на ова прашање во Mozilla. Нема кој да ве слуша.
Не си трошете време и енергија во објаснувањето на ова прашање во Mozilla. Нема кој да ве слуша.
=== Други ресурси ===
Агрегатор на вести поврзани со локализација: http://l10n.mozilla.org/planet/


== Mercurial: што, како, зошто? ==
== Mercurial: што, како, зошто? ==

Преработка од 11:18, 14 декември 2008

За оваа страница

Оваа страница содржи информации за сите места на интернет што јас некогаш сум ги обележал како корисни, потребни или нужни за преведувањето на софтверот кој го произведува Mozilla (Firefox, Thunderbird, Sunbird).

Нејзината намена е да служи како водич за било кој што ќе се заинтересира за преведувањето на овие во иднина. Страницава е составена во декември 2008 и ова се важечките врски, места и информации за тој период. Ако ја посетувате значително подоцна, имајте на ум дека можеби нешто се сменило.

Македонскиот тим за локализација и домашна инфраструктура

Македонскиот тим за локализација во декемрви 2008 го сочинуваат Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Ние полека ја предаваме палката на некој друг. Сега за сега, Ванде Даниловски се пријави да ја преземе локализацијта.

Кој и да ја преземе оваа чесна и одговорна задача, треба да знае дека со македоската заедница (и јавност), тимот комуницира преку блогот http://mozilla.blog.com.mk/, поштенската листа http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members и ловецот на бубачки http://bugs.softver.org.mk/ каде има посебен проект за сите три апликации на Mozilla. Новите преведувачи треба да се зачленат на листата и да добијат администраторски пристап на другите две места.

Понекогаш, кога има важни настани (како издавањето на нова главна верзија на Firefox), тимот организира и конференции за печат во НВО Инфо центарот (http://nvoinfocentar.org.mk/), и чести торта (http://mozilla.blog.com.mk/node/164921). :)

Македонскиот тим има и мала страничка на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/L10n:Teams:mk.

Ако сакате да разговарате со некој од тимот, најверојатно можете да не пронајдете на irc каналот #lugola на irc.freenode.net.

Комуникација со mozilla.com

Македонскиот превод на апликациите на Mozilla е официјален. Ова значи дека активноста се случува во соработка со http://mozilla.com и под нивен надзор. Надзорот главно се однесува на некои критериуми кои мора да се исполнат за на пример еден билд на Firefox да биде официјален и да се дистрибуира од страниците на Mozilla.

Ваквите барања на Mozilla за секоја верзија се објавуваат јавно и тимовите знаат што сѐ треба да исполнат. Но, затоа нужно е следење на неколку поштеснки листи и други места од мрежата на Mozilla.

Луѓе, поштенски листи и irc канали

Домашната страница за локализација на wiki-то на Mozilla e http://wiki.mozilla.org/wiki/L10n:Home_Page. Тука се наведени сите лица одговорни за процесот на локализација од страна на Mozilla.

Комуникацијата главно се одвива преку две поштенски листи:

и irc каналот #l10n на irc.mozilla.org

Правни работи

Преводот кој се објавува на серверите на Mozilla е три-лиценциран под GPL/LGPL/MPL. Преводот кој веќе е објавен исто така е под тие лиценци.

За било кој да може да објави код и/или превод на серверите на Mozilla, мора да потпише писмена (на хартија) согласнот дека се сложува неговиот придонес да биде под овие лиценци и истата да ја прати по обична пошта до седиштето на Mozilla во САД.

Bugzilla

Целата официјална комуникација Mozilla ја обавува преку https://bugzilla.mozilla.org/. Пожелно е секој преведувач да има своја сметка таму.

Ако не добиете одговор на некое Ваше барање на поштенската листа, тогаш веројатно треба да пријавите бубачка на Bugzilla.

Сите преведувачи треба (најмалку) да ги следат корисниците firefoxl10n@hotmail.com и macedonian.mk@localization.bugs. Ова се поставува во преференциите во Bugzilla.

Спорот за името и Mozilla

Официјално во Mozilla, Македонија се води како MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF со код MK. Ова е така бидејќи Mozilla се придржува до стандардот ISO-3166 [[1]], кој пак произлегува од Обединетите Нации.

Не си трошете време и енергија во објаснувањето на ова прашање во Mozilla. Нема кој да ве слуша.


Други ресурси

Агрегатор на вести поврзани со локализација: http://l10n.mozilla.org/planet/

Mercurial: што, како, зошто?

На кои начини може да се преведуваат апликациите од Mozilla

Штом ќе ги имате преводите кои веќе постојат и ги знаете промените што треба да се направат, можете да преведувате. Преводот може да го правите на најмалку 4 начини.

Текстуални датотеки - обичен UTF-8 уредувач на текст

Датотеките во кои се наоѓаат стринговите за преведување можат лесно да се отворат во обичен UTF-8 уредувач на текст и промените да се направат таму, а потоа да се товарат на серверите на Mozilla. Ова е методот кој до сега најмногу го користеше тимот за локализација.

Работата се состои од отварање на променетата англиска датотека и копирање и преведување на текстот во македонската датотека.

Translate toolkit и gettext (PO/POT)

Луѓето од http://translate.sourceforge.net/wiki/ имаат направено скрипти со чија помош од датотеките на Mozilla добивате PO/POT датотеки што може да се преведуваат во Кбабел.

Водичот на Translate toolkit е доволен за секој што би се заинтересирал за преведување на Mozilla (а и нешто плус): http://translate.sourceforge.net/wiki/guide/start

Упатство за Кбабел: http://wiki.lugola.net/Упатство:Водич_за_КБабел

Овој метод го користевме неколку пати, и тоа највеќе во услови кога требаше да се прават големи по обем преводи. Тоа веќе не е (или барем во моментов не е) прашање за апликациите на Mozilla, бидејќи промените што се прават од верзија до верзија се мали и базата што ја имаме е доволно голема.

Mozilla Translator

Mozilla Translator е јава апликација специјално дизајнирана за превод на апликациите на Mozilla.

Речиси никогаш не ја користевме...

Ресурси:

Narro

Narro е најновиот систем за преведување за апликациите на Mozilla што во моментов ветува многу.

Предност е што автоматски се случуваат работите со надградби и ажурирање со англиските стрингови, па преведувачите треба да се грижат само за преведување.

Системот овозможува преведување, предлагање на преводи, гласање, коментирање, одобрување (или не) на преводите, работа на повеќе луѓе истовремено...

Не сме го користеле интензивно, но од она што го видовме до сега, ова личи на добро решение.

Некои првични видувања за Narro и корисни информации: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2008-December/009663.html

Поштенска листа за Narro: https://groups.google.com/group/narro-project/

Македонските преводи на Narro: https://l10n.mozilla.org/narro/narro_project_list.php?l=mk

Други ресурси

Преведување на проширувања за апликациите на Mozilla: http://www.babelzilla.org/index.php

Информатички речник на Интернет: http://terminologija.org.mk/?dict_id=3

Базата на зборови на која е базирна алатката за правопис за Firefox: http://www.geocities.com/falcorus/recnik.html

Видете и... на ова Wiki

http://wiki.lugola.net/FirefoxL10nNotes

http://wiki.lugola.net/FrirefoxSpellcheck

http://wiki.lugola.net/Речник_на_термини