Упатство:WiMAX usb модем: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(упатство за користење на WiMAX usb модем во GNU/Linux околина)
 
сНема опис на уредувањето
Ред 17: Ред 17:
Сега се наоѓаме во фолдерот кај што ја одпакувавме архивата и може да разгледаме што содржи. Тука ни се понудени неколку текстуални датотеки, од кои што посебно внимание треба да обрнеме на INSTALL, каде што се дадени инструкции за инсталација на алатката. со:
Сега се наоѓаме во фолдерот кај што ја одпакувавме архивата и може да разгледаме што содржи. Тука ни се понудени неколку текстуални датотеки, од кои што посебно внимание треба да обрнеме на INSTALL, каде што се дадени инструкции за инсталација на алатката. со:
  [user@host gctwimax-0.0.2]$ cat INSTALL
  [user@host gctwimax-0.0.2]$ cat INSTALL
може да ја видите содржината на текстот, каде што на почетокот (во делот Requirements) се наведени потребните библиотеки кои што се потребни за да ја искомпајлирате алатката. Доколку ви фали некоја, побарајте ја во вашиот packet manager (apt-cache search; yum search; zypper se и слично) и инсталирајте ја (apt-get install; yum install; zypper in...). За да ја искомпајлирате алатката треба само да пишете  
може да ја видите содржината на текстот, каде што на почетокот (во делот Requirements) се наведени потребните библиотеки кои што се користат за да ја искомпајлирате алатката. Доколку ви фали некоја, побарајте ја во вашиот packet manager (apt-cache search; yum search; zypper se и слично) и инсталирајте ја (apt-get install; yum install; zypper in...). За да ја искомпајлирате алатката треба само да пишете  
  [user@host gctwimax-0.0.2]$ make
  [user@host gctwimax-0.0.2]$ make
и откако ќе заврши (ако заврши без порака за грешка) пишувате:  
и откако ќе заврши (ако заврши без порака за грешка) пишувате:  

Преработка од 03:34, 6 јуни 2011

Моментално единствениот WiMAX (IEEE 802.16e) провајдер во Македонија, Neotel понуди на пазарот "преносни WiMax" пакети, нудејќи usb WiMax модеми (Seowon SWU-3220A со GCT Semiconductor chipset) со подршка за Windows оперативниот систем, но за жал, до сега, без подршка за GNU/Linux. Овој туторијал ќе ви покаже како, на едноставен начин, да го користите usb модемот.

Прво што треба да направите е секако, да го приклучите usb модемот во една од usb портите на вашиот компјутер/лаптоп. Потоа, отворете терминал (gnome-terminal, konsole, xterm и слично...) и пишете "lsusb" за да проверите дали е вчитан модемот - би требало да ја видите следната линија:

[user@host ~]$ lsusb 
Bus 001 Device 0xx: ID 1076:7f00 GCT Semiconductor, Inc.

Следно што треба да направите е да ја спуштите алатката + драјверот за usb модемот од овде, или проверете дали има понова верзија на страната на пакетот.


Откако ќе ја спуштите алатката, вратете се во терминалот и дојдете до фолдерот во кој што се наоѓа архивата, најчесто доколку ја имате спуштено на default локација, се наоѓа во ~/Downloads. Во терминал извршете ги следните команди:

[user@host ~]$ cd ~/Downloads
[user@host Downloads]$ tar xvf gctwimax-0.0.2.tar.gz
[user@host Downloads]$ cd gctwimax-0.0.2/

Сега се наоѓаме во фолдерот кај што ја одпакувавме архивата и може да разгледаме што содржи. Тука ни се понудени неколку текстуални датотеки, од кои што посебно внимание треба да обрнеме на INSTALL, каде што се дадени инструкции за инсталација на алатката. со:

[user@host gctwimax-0.0.2]$ cat INSTALL

може да ја видите содржината на текстот, каде што на почетокот (во делот Requirements) се наведени потребните библиотеки кои што се користат за да ја искомпајлирате алатката. Доколку ви фали некоја, побарајте ја во вашиот packet manager (apt-cache search; yum search; zypper se и слично) и инсталирајте ја (apt-get install; yum install; zypper in...). За да ја искомпајлирате алатката треба само да пишете

[user@host gctwimax-0.0.2]$ make

и откако ќе заврши (ако заврши без порака за грешка) пишувате:

[user@host gctwimax-0.0.2]$ sudo make install
Password:

ја внесувате лозинката и готово. Успешно ја искомпајлиравте и инсталиравте алатката. За да ја користите алатката, се што треба да направите е да ја повикате следната команда:

[user@host gctwimax-0.0.2]$ sudo gctwimax --login=MAC@neotel.com.mk --pass=XXXXXXXX --nspid=000a3b --nai=MAC@neotel.com.mk --eap-type=5

Би требало да го видите следниот излез на екранот:

Device found
detached modem kernel driver
Claimed interface
Allocated tap interface: wimax0
Search network...
Network found.
Connecting to BSID: 7b:00:7b:00:01:02
Connected to Network.
Start Authentication.
Authentication Succeed.
Connected to BSID: 7b:00:7b:00:01:02

BSID-то претставува идентификатор на базната станица и секаде е различно.

Ако се помине како што треба, би требало да имате интернет конекција (може да проверите со "ping google.com" на пример) и може да го исклучите терминал прозорецот.

Инструкции за тоа како да ја користите алатката може да најдете и во RUN датотеката (cat RUN). MAC адресата е во вид: 00210707f161, односно се пишуваат бројките/буквите без празни места и без две точки, буквите се пишуваат мали, и таа може да се најде на задниот дел од пакувањето на usb модемот, под помалиот баркод. nspid делот претставува Network Service Provider ID, односно е уникатен идентификатор на WiMAX мрежата на Neotel, а nai е Network Access Identifier, и е ист со username-от кој што се користи во login делот од командата. eap-type претставува начин на кој модемот се најавува и афтентицира на базната станица. Лозинката за пристап не е XXXXXX, туку за да ја добиете, препорачувам да се јавите во Neotel и да ја побарате, или евентуално да го тестирате модемот на Windows оперативен систем и да ја побарате лозинката во HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\WiMax\DevConfig\xx:xx:xx:xx:xx:xx\Setting регистерот.

Откако се ќе помине како што треба, односно кога веќе ќе добиете интернет пристап, препорачувам да направите alias на командата, за да не би ја пишувале секојпат целата, на пример:

[user@host ~]$ echo "alias wimax='sudo gctwimax --login=MAC@neotel.com.mk --pass=XXXXXXXX --nspid=000a3b --nai=MAC@neotel.com.mk --eap-type=5'" >> ~/.bashrc
[user@host ~]$ source ~/.bashrc

со што, за да го конектирате WiMAX модемот, се што треба да направите е да го повикате alias-от со:

[user@host ~]$ wimax


Можни проблеми

  • Доколку се помине во ред и го добиете дадениот излез на екран, а пак немате интернет врска, проверете со:
[user@host ~]$ ifconfig wimax0

дали постои линија (најчесто втората линија) со содржина:

inet addr:95.180.1xx.xxx  Bcast:95.180.1xx.255  Mask:255.255.255.0

Доколку нема, пишете:

[user@host ~]$ sudo dhclient wimax0

за да сами побарате адреса од базната станица.


  • Доколку при повик на командата добиете непрекинат излез во вид:
Search network...
Network not found.

Значи дека или не е пронајдена ниту една базна станица во ваша околина, или го имате згрешено nspid-то или Neotel го имаат сменето и треба да се јавите кај нив, за да ви го кажат новиот идентификатор.


  • Во случај да неможете успешно да ја искомпајлирате алатката и make командата ви дава излез со одредена грешка, потребно е да го погледнеме специфичниот излез, за да се дијагностицира проблемот. Најчесто фали некоја библиотека, или алатката бара постара верзија од некоја библиотека, а кај вас има понова. Најчест проблем со одредена библиотека го има следниот излез:
/usr/bin/ld: note: 'g_object_unref' is defined in DSO /lib/libgobject-2.0.so.0 so try adding it to the linker command line
/lib/libgobject-2.0.so.0: could not read symbols: Invalid operation
collect2: ld returned 1 exit status
make: *** [wimax] Error 1

и се решава со додавање на -lgobject-2.0 во Makefile на крај од линијата што почнува со wimax: $(OBJS_ex), односно линијата треба да изгледа вака:

wimax: $(OBJS_ex)
       $(LDO) $(LDFLAGS) -o gctwimax $(OBJS_ex) -leap -lusb-1.0 -lglib-2.0 -ldbus-glib-1 -lcrypto -lz -lgobject-2.0

После промена на Makefile, повторно се повикува командата "make"


  • Во случај да usb модемот е детектиран како strage device, или cdrom, а не како GSM modem (може да проверите со "dmesg | tail"), треба да го смените модот на работа на usb-to со повикување на командата:
[user@host ~]$ sudo usb_modeswitch -v 1076 -p 7f00 -G

каде што вредностите на -v и -p (vendor и product соодветно) ги наоѓате со "lsusb" командата и ги читате во ID делот на GCT Semiconductor, Inc линијата.