Хаклаб/Курсеви/Вовед во програмирање: Разлика помеѓу преработките
(пренаменето за завршен настан) |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 35: | Ред 35: | ||
== Историја == | == Историја == | ||
Првото одржување на курсот започна на 24 Октомври 2012, и траеше 6 недели. Сите | Првото одржување на курсот започна на 24 Октомври 2012, и траеше 6 недели. Сите средства од курсот беа употребени за поддршка на хаклабот Кика. |
Последна преработка од 15:53, 21 септември 2015
Практичен вовед во програмирање
programming 101
Ова е основен курс за програмирање за кој не се потребни никакви предзнаења. Со него ќе ги научите концептите на програмирањето, основните делови на програмскиот јазик python и некои корисни алатки што ќе биде доволно да пишувате основни програми, а ќе можете и со леснотија да се впуштите во проучување и на покомплексни програмски концепти, програмирање за веб, десктоп, мрежи итн.
Преглед на курсот
Курсот трае 6 недели, една сесија неделно со по два часа.
- Основи на програмирање - што е изворен код, како се структурирани програмите, како се извршуваат
- Имиња, вредности, типови - кои се основни градбени единки на програмите
- Контрола на тек - кој дел од кодот се извршува сега, како да се прескокне дел од програмата, а како да се повтори некој друг. како да се справиме со грешки
- Функции - што да се прави кога некој дел од кодот ни треба почесто
- Модули и пакети - за кутијата со алати на python
Практични примери:
- Адресар - ги зачувува адресите и телефоните по име и презиме, за подоцна лесно да може да се пребаруваат
- Веб кролер - може да зачува содржина од цел веб сајт, и од неа да ги извади корисните работи.
Во курсот ќе се користи верзијата 2.7
Препорачана книга за курсот е Think Python (од Allen B. Downey) која е достапна за слободно преземање.
Услови и предзнаења:
Не постојат предзнаења ниту квалификации за учество во курсот.
Статус
Овој курс моментално не се одржува. Доколку сте заинтересирани за учество во иднина, може да се пријавите кај предавачот Баже Петрушев на имејл: bpetrushev [at] gmail.
Историја
Првото одржување на курсот започна на 24 Октомври 2012, и траеше 6 недели. Сите средства од курсот беа употребени за поддршка на хаклабот Кика.