Java: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 43: Ред 43:


[http://java.sun.com/ Јава]
[http://java.sun.com/ Јава]
[http://planetjava.org/ Јава планета]
[http://planetjava.org/ Јава планета]
[http://www.planetpdf.com/developer/article.asp?ContentID=6632 Thinking in Java - PDF книга]
[http://www.planetpdf.com/developer/article.asp?ContentID=6632 Thinking in Java - PDF книга]
[http://en.wikipedia.org/wiki/Java_programming_language Јава на википедиа]
[http://en.wikipedia.org/wiki/Java_programming_language Јава на википедиа]

Преработка од 18:31, 10 мај 2006

Java

Оваа содржина не е дел од упатствата за програмирање во Java кои треба да следуваат

Јава е објектно ориентиран програмски јазик, развиен од James Gosling и Sun Microsystems кој се појавува во 1990-тите. Различен од вообичаените програмски јазици кои се главно дизајнирани за да се компилираат во машински јазик, Јава се компилира во код генериран од Јава компилаторот, независен од машинскиот кој се извршува со Јава виртуелната машина.

Јава користи слична синтакса како C и C++ но има многу поедноставен облик на обејкти и ги изоставува покажувачите. Тој програмски јазик е се' позастапен во софтверските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со инсталирање на Јава виртуелната машина за извршување на програми напишани во Јава. Денес Јава се повеќе и повеќе се користи и во мобилните телефони.

Јава синтакса

public class Hello { public static void main(String[] args) { System.out.println("Hello, world!"); } }

Примерот горе заслужува мало објаснување..

  • Во Јава се' се пишува во класи.
  • Датотеките со изворниот код. вообичаено се именуваат како класата што ја содржат вклучувајќи ја и наставката на датотеката .java.
  • Компилаторот ќе генерира датотека на класа за секоја класа дефинирана во изворниот код. Името на датотеката на ќе содржи името на класата и наставка .class.
  • Програмите кои ќе се извршуваат како самостојни мора да имаат main() метод.
  • void означува дека main методот не враќа ништо.
  • main мотодот мора да прифаќа низа од String објекти. Вообичаено тие се args но може да се користат и други.
  • static означува дека методот е класен метод, здружен со класата повеќе отколку со други објекти. Main методите мора да бидат static.
  • public обележува дека методот може да биде повикан од изворниот код од други класи или дека може да биде користен надвор од хиерархијата на класата. Main методите исто така мора да бидат public.
  • Печатењето е дел од основната библиотека на Јава: системската класа дефинира public static поле наречено out. out објектот е дел од класата PrintStream и го дава методот println(стринг-текст) за печатење на податоци на монитор.
  • Самостојните програми се извршуваат со испишување на името на класата чиј main метод треба да биде повикан на Јава виртуелната машина. На пр. во конзолата на Линукс преку командната линија се испишува java -cp Hello и ќе се компилира горниот програм (компилра во Hello.class) во истата датотека. Името на класата чиј main метод ќе се повика исто така може да се наведе и во MANIFEST на Јава архивната датотека (Jar).


Јава апликации

Неколку најпознати јава апликации:

Limewire - Клиент за peer-to-peer мрежата Gnutella издаден под GPL лиценца. Azureus - Еден од најпопуларните клиенти за BitTorrent. jEdit - Текст уредувач за програмери

Врски

Јава

Јава планета

Thinking in Java - PDF книга

Јава на википедиа