SFD2008/Диск/Како: Разлика помеѓу преработките
с (9 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:32, 29 јануари 2011
Дискот за SFD2008 беше направен следејќи ја методологијата опишана во официјалната документација на Ubuntu. Овде нема да ги повторувам работите од таму, само ќе пишам што е додатно направено.
Фајлсистем
Значи, прво се mount-ира официјалното ubuntu-8.04.1-desktop-i386.iso
, од него се отпакува casper/filesystem.squashfs
датотеката во која е компресиран целиот фајлсистем на Ubuntu системот (може и со unsquashfs). Потоа се влегува во отпакуваниот директориум со chroot
и се прави „apt-get update; apt-get dist-upgrade
“ за да се ажурира постоечкиот софтвер. Потоа со apt-get install
се инсталираат и додатни пакети кои ни требаат. На пример, за овој диск се доинсталирани:
- language-pack-mk
- language-pack-gnome-mk
- language-support-mk
- ttf-dejavu-extra
- http://damjan.softver.org.mk/sfd08-mk-artwork_1.0-1_all.deb
- gstreamer0.10-ffmpeg
- gstreamer0.10-pitfdll
- gstreamer0.10-plugins-good
- gstreamer0.10-plugins-ugly
- libdvdread3
- liblame0
- flashplugin-nonfree
- најновиот mplayer од самиот сајт (и libx264-64)
- најновиот smplayer од самиот сајт
Прилагодување
За овој диск решивме малку да го смениме оригиналниот изглед на Ubuntu со друга позадина и тема. sfd08-mk-artwork пакетот во себе ги содржи фајловите:
- /usr/share/gconf/defaults/20_sfd08-artwork
- /usr/share/gconf/defaults/20_sfd08-wallpapers
- /usr/share/gconf/defaults/20_panel-default-setup.entries
од кои се вади информацијата за default поставките на ноите корисници, како што се изгледот на Gnome panel-ите, позадината, стилот, иконите, боите и слично.
Дополнително во самиот фајлсистем беше сменет фајлот /etc/gconf/schemas/panel-default-setup.entries
, можеби непотребно бидејќи веќе го има во /usr/share/gconf/defaults/
но не бев сигурен кој од нив има приоритет.
Понатаму, беа сменети /etc/firefox-3.0/profile/bookmarks.html
со нови обележувачи и беше едитиран фајлот /etc/firefox-3.0/profile/prefs.js
за да се подеси default homepage.
Toa е отприлика сѐ што беше направено.
Диск
Конечно, се копира содржината на CD-то на хард-диск, да речеме во /tmp/ubuntu-cd/ (најдобро сo rsync). Фајлсистемот кој претходно беше менуван се запакува со mksquashfs
во /tmp/ubuntu-cd/casper/filesystem.squashfs
, се ажурира /tmp/ubuntu-cd/md5sum.txt
:
find ./casper/ ./dists/ ./pics/ ./.disk/ ./install/ ./preseed/ ./pool/ \ ./umenu.exe ./autorun.inf ./wubi.exe ./README.diskdefines -type f -print0 | \ xargs -0 md5sum > md5sum.txt
И конечно се креира iso image од дискот со командата:
cd /tmp/ubuntu-cd/ mkisofs -D -r -V "Ubuntu SFD08 i386" -cache-inodes -J -l \ -b isolinux/isolinux.bin -c isolinux/boot.cat \ -no-emul-boot -boot-load-size 4 -boot-info-table \ -o /tmp/ubuntu-SFD08-i386.iso .
Опционално, може да се смени и /tmp/ubuntu-cd/isolinux/splash.pcx
со слика по свој избор (640x480, 8bit color, RLE compressed). Тоа е сликата која се појавува на почеток, позади boot менито. Исто така, ако направиме фајл /tmp/ubuntu-cd/isolinux/lang
со содржина mk
, default јазик во boot-менито, а и понатаму во системот ќе биде македонски.
Забелешки
Не користев remastersys бидејќи тоа прави live CD од веќе инсталиран систем, што може да направи проблеми. Исто така алатката ми личи премногу магична за да и верувам.
При apt-get dist-upgrade
се појави проблем со конфигурацијата на HAL. Тоа е познат проблем и се решава со закоментирање на неколку линии (види коментар 2) и стартање на dpkg --configure --pending
.
Идеи за следниот пат
Инсталирање или правење на специјална, тематска Gnome и GDM тема.
libdvdcss2 - го заборавивме изгледа ова
одстранување на evolution и можда ќе го собере на 1 CD