Македонска локализација: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
'''Што е тоа locale''' | |||
Преработка од 21:38, 16 мај 2007
Што е тоа locale
Locale е дел од стандардните C библиотеки на Linux (и кај другите Unix-и), кој ја олеснува интернационализацијата(i18n) на софтверот. На пример locale-то ги дефинира следните стандарди, кои автоматски се користат од сите правилно направени Linux програми:
- форматот на датите и времето
- форматот на броевите
- форматот на паричните единици
- правила за сортирање
- множество на буквите и карактерите
!!Македонското locale и негово активирање.
Македонското locale за Linux е стандарден дел на glibc од верзијата 2.1.3, 2.2 и понови, а може да се најде во дистрибуциите Slackware (од 8.0 нагоре) !RedHat (од 7.0), Mandrake (од 8.0) и други. Освен што во Glibc-2.2 е вклучено најновото македонско locale, glibc-2.2 содржи и многу богата подршка за локализирање и интернационализирање на програмите и затоа моја препорака е да надгради glibc-то. Одкога го имаме localeto на компјутерот (стандардната локација: /usr/share/i18n/locales/mk_MK), евентуално треба да се скомпајлира, а тоа се прави со наредбите:
root# localedef -i mk_MK -f ISO-8859-5 mk_MK root# localedef -i mk_MK -f UTF-8 mk_MK.UTF-8
(Нормално не треба да потсетувам дека овие наредби мора да се извршат како root.)
Следниот чекор е активирање на locale-то. Тоа се прави на едноставен начин со поставување на shell-променливата LANG. На пример тоа може да се направи во __.bashrc__ вака:
export LANG=mk_MK.UTF-8
или во __.cshrc__ вака:
setenv LANG mk_MK.UTF-8
!!Тоа е доволното што треба да го знае обичен Linux корисник. ;)
!!Што потоа?
Со самото подесување на гореспоменатота shell променлива, сите правилно напишани Linux програми автоматски стануваат свесни за македонските стандарди и букви. Како се случува тоа? И што значи тоа правилно напишани Linux програми? За најлесно да се разјасни начинот на дејствување на локализацијата еве неколку примери на "правилно напишани Linux програми".
Првиот пример е мало програмче кое ги претвара малите букви во големи користејќи ја функцијата toupper(3).
/* gcc -o capital capital.c */ #include <locale.h> #include <ctype.h>
int main() { char buff[[1024]; int len,i; setlocale(LC_ALL,""); while(len = read(0,buff,1024)) { for(i=0;i < len;i++) buff[[i] = toupper(buff[[i]); write(1,buff,len); } puts(""); exit(0); }
Пробај го на два начина,
LC_CTYPE=mk_MK ./capital
и
LC_CTYPE=C ./capital
и дај му некои кирилични букви на stdin и ќе ја видиш разликата.
Втор пример, употреба на strcoll(3) за сортирање на кириличните букви.
/* gcc -o sortit sortit.c */ #include <locale.h> #include <string.h>
int compare(char **p1, char **p2) { return strcoll(*p1, *p2); }
int main() { char *array[] = {"шамар", "ѕивра", "чаша", "ѓон", "ќумур", "жаба"}; int nstrings = 6; int i; setlocale(LC_ALL,""); qsort (array, nstrings, sizeof (char *), compare); for(i=0; i<nstrings;i++) puts(array[[i]); exit(0); }
Конечно GNU библиотеката нуди решение и за независно преведување на програмите на други јазици. Така на пример мкде тимот го преведува KDE2 на македонски, без притоа да имаат потреба од source кодот на KDE и без ре-компајлирање. Еве како изгледа дел од еден програм предвиден за преведување:
#include <libintl.h> int main { ... setlocale(LC_ALL,""); bindtextdomain(PACKAGE, LOCALEDIR); texdomain(PACKAGE); ... puts(gettext("loading file")); ... puts(gettext("saving file")); ... }
каде што PACKAGE="kbabel", а LOCALEDIR="/opt/kde/share/locale/LC_MESSAGES". Може да се види дека string-овите предвидени за преведување се вметнати во gettext функцијата. За да се преведе овој програм треба да се најде таканаречената PO template датотека (.pot), која ги содржи сите string-ови кои треба да се преведат. При преведувањето .pot датотеката ја добива наставката .po . Еве еден дел од преведена PO датотека, за програмот kbabel:
#: catalog.cpp:1086 kbabel.cpp:499 msgid "loading file" msgstr "датотеката се вчитува"
#: catalog.cpp:1303 msgid "saving file" msgstr "датотеката се снима"
#: searchresultbox.cpp:914 searchresultbox.cpp:998 #, c-format msgid "" "The file does not exist:\n" "%1" msgstr "" "Датотеката не постои:\n" "%1"
По преведување на PO датотеката, таа се компајлира во hash табела за побрз пристап. Тоа се прави со наредбата
msgfmt kbabel.po -o kbabel.mo
и потоа добиената датотека се копира или во /usr/share/locale/mk/LC_MESSAGES или /opt/kde/share/locale/mk/LC_MESSAGES. За да програмот знае кој јазик да го користи се поставува shell-променливата LANGUAGE=mk:en. При тоа не е потребно никакво пре-компајлирање на софтверот што сме го превеле, ниту пре-инсталирање, ниту ресетирање на компјутерот и слично. За повеќе информации околу правењето на интернационални програми, види __info libc Locales__ и __info gettext__.
%%% %%% %%%