Чести грешки при превод на GNOME: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 19:08, 28 јануари 2008

- Не се преведуваат имињата на програмите, се оставаат такви какви што се на латиница.

- Единечните наводници се заменуваат со вакви -> „“. Пример: '%s' -> „%s“.

- Во случај кога има вакви наводници \"Print Line Numbers\", тогаш преводот би бил: „Печати ги броевите на редовите“.

- Секогаш му се обраќате на корисникот во трето лице, никогаш со ТИ, секогаш со ВИЕ.

Пример. Ве молам изберете ОВА или ОНА. Пример2. Кликнете тука за да ги смените информациите за Вашата сметка.

- „Ве молиме“ треба да биде „Ве молам“, компјутерот му се обраќа на корисникот, не му се обраќаат сите програмери што ја развивале апликацијата. Нема логика.

- e-mail секогаш е е-пошта, никогаш емајл, имејл и сл.

- Tab (па уште на латиница?) - јазиче

-Пази на голтнати букви, примери!

Најважно од се е проверката на интерфејсот по преведувањето.