Чести грешки при превод на GNOME: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 22:12, 30 јануари 2008

- Не се преведуваат имињата на програмите, се оставаат такви какви што се на латиница.

- Единечните наводници се заменуваат со вакви -> „“. Пример: '%s' -> „%s“.

- Во случај кога има вакви наводници \"Print Line Numbers\", тогаш преводот би бил: „Печати ги броевите на редовите“.

- Секогаш му се обраќате на корисникот во трето лице, никогаш со ТИ, секогаш со ВИЕ.

Пример. Ве молам изберете ОВА или ОНА. Пример2. Кликнете тука за да ги смените информациите за Вашата сметка.

- „Ве молиме“ треба да биде „Ве молам“, компјутерот му се обраќа на корисникот, не му се обраќаат сите програмери што ја развивале апликацијата. Нема логика.

- e-mail секогаш е е-пошта, никогаш емајл, имејл и сл.

- Tab (па уште на латиница?) - јазиче

-Пази на голтнати букви, примери!

- Зборови кои почнуваат со голема буква *на сред реченица, а не на почеток* се личните именки(име на програма), кратката заменска форма „Ви“, Вие.

- Додај, а не додади!

- Default - Стандардно

- Параметри - Преференци

- Дата - Датум

- Ако треба да се преведува низа со знак „|“ (значи вертикална цртичка), сѐ пред цртичката заклучно со неа не се преведува, туку се преведува текстот после неа.

- Да се ставаат ѐ и ѝ онаму каде што е потребно. Внимавајте, тоа треба да се кириличните, македноски ѐ и ѝ. Ако не можете да ги најдете, ископирајте ги од овде или користете gucharmap.


Најважно од сѐ е проверката на интерфејсот по преведувањето.