GNOME - изглед: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
с (2 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:29, 29 јануари 2011
Теми и икони за GNOME
Изгледот на GNOME работната околина можете да го приспособите по сопствен вкус со инсталирање на теми, икони и позадини за работната околина. Голем избор на теми за GNOME работната околина можат да се најдат на Gnome-look или пак на art.gnome.org.
Теми за GTK
Овие теми се теми за GTK апликациите кои ги користите. Доколку ја промените тековната GTK тема ќе се промени бојата и изгледот на копчињата на GTK апликациите (пр. Наутилус, file-roller, firefox, gnome-terminal, gnome-baker). По симнувањето на теми од линковите кои се наведени горе, темите се инсталираат со отпакување на tar.gz пакетот во .themes папката во домашниот директориум:
cd ~/.themes/ tar -xvvzf _theme_.tar.gz
каде _theme_.tar.gz е темата која е симната. Друг (полесен) начин да се инсталира тема е следниов: Кликнете System->Preferences(или GNOME Control Centre кај некои дистрибуции)->Themes. Потоа кликнете Install Theme и селектирајте ја темата. Инсталираните теми можете да ги одбирате со истата алатка.
Рамки за прозорци
Рамките за прозорци се инсталираат само преку алатката за теми. Методот е објаснат погоре.
Икони
Иконите се инсталираат на истиот начин како и GTK темите. Пакетите со икони отпакувајте ги во папката .icons во домашниот директориум:
cd ~/.icons/ tar -xvvzf _icons_.tar.gz
каде _icons_.tar.gz е темата со икони која е симната. Иконите може да се инсталираат преку Themes алатката. Методот е опишан погоре.
Позадини
Позадини се избираат во System -> Preferences-> Desktop Background. Ако сакате можете да си додадете и ваши.