2s.mkBilten10.09: Разлика помеѓу преработките
Ред 26: | Ред 26: | ||
=== Конференција за слободен софтвер во Косово === | === Конференција за слободен софтвер во Косово === | ||
[[Слика:Flossk09.jpg|рамка|Конференција во Приштина, фото: davidbaileymbe]] | |||
<hr> | <hr> |
Преработка од 10:19, 18 октомври 2009
Билтен на Слободен софтвер Македонија за октомври 2009
Добредојдовте во октомвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија. Поради подолгата пауза овој билтен покрива и настани кои се случија изминатото лето.
Започна со работа „КИКА“, првиот хаклаб во Скопје
По долгогодишно планирање конечно оваа есен се создадоа услови и започна со работа првиот хаклаб во Скопје. КИКА (Кика е Информации, Култура, Автономија) е првата технолошка автономна зона - хаклаб, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.
Просторот ќе биде дом на повеќе збиднувања поврзани со слободен софтвер и слободна култура, како што е популарното СподелиЗнаење, но и собири и работилници на други групи на корисници. КИКА е отворен простор и секој може да се придружи во активностите или по своја програма да започне некои нови активности. За повеќе информации, можете да се обратите на поштенската листа на КИКА.
За отворањето на хаклабот извести дневниот весник Нова Македонија.
Ubuntu 9.10
Група на корисници на Ruby
Од летото 2009 (или можеби малку порано) во Скопје почна да функционира и групата на корисници на програмскиот јазик Ruby. Групата е отворена за сите кои се занимаваат со платформата Ruby/Rails, како и за почетници кои што сакаат да научат повеќе за оваа развојна околина.
За контакт со групата може да ја посетите нивната поштенска листа или да ги посетите на нивните средби во КИКА кои вообичаено се случуваат во среда од 19 до 21 часот.
Промоција на Mоzilla Firefox 3.5 во Скопје и Куманово
На 07.09.2009 година во Скопје и Куманово се оджра јавна промоција на Mozilla Firefox 3.5. Настанот беше успешно организиран од групата за маркетинг на Mozilla во Македонија. Известување од настанот е достапно на порталот it.com.mk. Фотографии од настанот има на Flickr страницата на Mozilla Македонија
Конференција за слободен софтвер во Косово
Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.
Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info_НА_slobodensoftver.org.mk>.