2s.mkBilten10.09: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 28: Ред 28:


[[Слика:Flossk09.jpg|рамка|Конференција во Приштина, фото: davidbaileymbe]]
[[Слика:Flossk09.jpg|рамка|Конференција во Приштина, фото: davidbaileymbe]]
На 29 и 30 август 2009 година во приштина се одржа [http://kosovasoftwarefreedom.org/ првата конференција за слободен софтвер] на Балканот која имаше регионален и меѓународен карактер. На дводневниот настан, организиран од локалната [http://flossk.tuxfamily.org/foswiki/bin/view.pl/Main/WebHome косовска организација] со помош на бројни спонзори од Косово и странство, учествуваа повеќе од 500 луѓе од 16 земји. Настанот беше исполнет со презентации на теми поврзани со слободен софтвер. Покрај вообичаените технички презентации имаше и неколку кои се осврнуваа на општествениот аспект на движењето за слободен софтвер.
[http://slobodensoftver.org.mk Слободен софтвер Македонија] учествуваше на конференцијата со две презентации од своите членови. Миша Поповиќ презентираше за проектот на Владата на Р. Македонија за користење на Едубунту во училиштата. Анализата што беше презентирана го претставуваше увидот на заедницата во овие прашања. Новица Наков пак презентираше за растењето и распаѓањето на заедниците за слободен софтвер, пренесувајќи ги досегашните македонски искуства.


<hr>
<hr>
Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.
<tt> Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.</tt>


Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info_НА_slobodensoftver.org.mk>.
<tt> Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info_НА_slobodensoftver.org.mk>.</tt>

Преработка од 10:30, 18 октомври 2009

Билтен на Слободен софтвер Македонија за октомври 2009

Добредојдовте во октомвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија. Поради подолгата пауза овој билтен покрива и настани кои се случија изминатото лето.

Започна со работа „КИКА“, првиот хаклаб во Скопје

Извор: Нова Македонија

По долгогодишно планирање конечно оваа есен се создадоа услови и започна со работа првиот хаклаб во Скопје. КИКА (Кика е Информации, Култура, Автономија) е првата технолошка автономна зона - хаклаб, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.

Просторот ќе биде дом на повеќе збиднувања поврзани со слободен софтвер и слободна култура, како што е популарното СподелиЗнаење, но и собири и работилници на други групи на корисници. КИКА е отворен простор и секој може да се придружи во активностите или по своја програма да започне некои нови активности. За повеќе информации, можете да се обратите на поштенската листа на КИКА.

За отворањето на хаклабот извести дневниот весник Нова Македонија.

Ubuntu 9.10

Група на корисници на Ruby

Од летото 2009 (или можеби малку порано) во Скопје почна да функционира и групата на корисници на програмскиот јазик Ruby. Групата е отворена за сите кои се занимаваат со платформата Ruby/Rails, како и за почетници кои што сакаат да научат повеќе за оваа развојна околина.

За контакт со групата може да ја посетите нивната поштенска листа или да ги посетите на нивните средби во КИКА кои вообичаено се случуваат во среда од 19 до 21 часот.

Промоција на Mоzilla Firefox 3.5 во Скопје и Куманово

На 07.09.2009 година во Скопје и Куманово се оджра јавна промоција на Mozilla Firefox 3.5. Настанот беше успешно организиран од групата за маркетинг на Mozilla во Македонија. Известување од настанот е достапно на порталот it.com.mk. Фотографии од настанот има на Flickr страницата на Mozilla Македонија

Конференција за слободен софтвер во Косово

Конференција во Приштина, фото: davidbaileymbe

На 29 и 30 август 2009 година во приштина се одржа првата конференција за слободен софтвер на Балканот која имаше регионален и меѓународен карактер. На дводневниот настан, организиран од локалната косовска организација со помош на бројни спонзори од Косово и странство, учествуваа повеќе од 500 луѓе од 16 земји. Настанот беше исполнет со презентации на теми поврзани со слободен софтвер. Покрај вообичаените технички презентации имаше и неколку кои се осврнуваа на општествениот аспект на движењето за слободен софтвер.

Слободен софтвер Македонија учествуваше на конференцијата со две презентации од своите членови. Миша Поповиќ презентираше за проектот на Владата на Р. Македонија за користење на Едубунту во училиштата. Анализата што беше презентирана го претставуваше увидот на заедницата во овие прашања. Новица Наков пак презентираше за растењето и распаѓањето на заедниците за слободен софтвер, пренесувајќи ги досегашните македонски искуства.


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info_НА_slobodensoftver.org.mk>.