Tomcat

Од Сподели wiki
Преработка од 17:32, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (3 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Tomcat или Apache Tomcat е апликациски сервер на кој исто може да се гледа и како на Веб контејнер. Tomcat е прилагодена верзија на Apache серверот, кој ги имплементира спецификациите за извршување на Java код, конкретно JavaServer Pages (JSP) и Java сервлетите. На тој начин се добива многу моќна средина во која програмерот може да развива Веб апликации користејќи Java за програмирање на моделот и контролите. Tomcat содржи широк спектар на можности за конфигурирање и преку голем број конфигурациони датотеки, најчесто базирани на XML, може да се оспособи во зависност од потребите на корисниците. Во Tomcat е вклучен и внатрешен, интерен, Веб сервер.

Кој го развива?

Дел од тимот што го развива Apache е задолжен и за развојот на Tomcat. Кодот е слободен и секој може да го подобрува и промените да ги става повторно на Интернет. Доколку тие се навистина корисни ќе бидат вметнати во официјалната верзија на Tomcat, во спротивно може да се оспособат како проширувања или jar датотеки преку кои корисникот ќе може да ги користи. Започна да се пишува од страна на James Duncan Davidson, архитект (софтверски) од Sun Microsystems. Подоцна проектот станува слободен, а со тоа Sun како компанија почнуваат масовно да го поддржуваат и да даваат секаков вид поддршка на Apache Software Foundation.

Името

Авторот се надевал дека проектот еден ден ќе стане слободен софтвер, така и се случи подоцна. Со оглед на тоа што најголемиот дел од книгите за слободен софтвер на O'Reilly на своите насловни страни имаат животно, Davidson реши да го крсти според некоја врста на животно. Подоцна излегува книга (од O'Reilly) со наслов Tomcat на која има слика од леопард.

Врски