Локализација на Pidgin
Страницава е посветена на процесот за локализација на мултиплатформскиот, мултипротоколски клиент за разговор, Pidgin.
Вовед
Програмерите и преведувачите во проектот Pidgin користат Monotone за справување со кодот и преводот на Pidgin. Monotone е систем за контрола на верзии сличен на постарите и подобро познатите CVS и Subversion (SVN). На кратко во неколку чекори ќе објаснам како можете да ја соберете Monotone базата за Pidgin а потоа и целиот код, вкучувајќи ги и PO датотеките (датотеките за превод).
Потребно е да имате инсталирано monotone, верзија 0.3.6 или понова.
Клучеви
Најнапред треба да генерирате клуч кој што ќе се користи за енкриптирана комуникација помеѓу вас и monotone серверот.
$ mtn genkey $ID (каде што ID е Вашата адреса за е-пошта, истата со која што сте регистрирани на Trac системот што се наоѓа на developer.pidgin.im) пример: mtn genkey арангел@слободенсофтвер.орг.мк
Генерираниот клуч можете да го најдете во /home/корисник/.monotone/keys.
Откако ќе го ископирате клучот треба да го испратите на elb@pidgin.im за да биде додаден на monotone серверот.
Поставување
# Креирајте работен директориум (пр. pidgin) и преземете ја базата во него: $ cd /home/корисник/pidgin $ wget http://developer.pidgin.im/static/pidgin.mtn.bz2 $ bzip2 -d pidgin.mtn.bz2 $ mtn -d pidgin.mtn pull --set-default pidgin.im im.pidgin.* $ mtn -d pidgin.mtn co -b im.pidgin.pidgin $работен_директориум