Подесување кирилични TTF фонтови во X
Неколку новини беа воведени во XFree86 серверите, од верзијата 4.0 па наваму, што придонесоа да се олесни користењето кирилица под X.
Првата работа е вградената подршка за TTF фонтови, со што се зголемува фондот на квалитетни фонтови кои содржат кирилични букви. Другата се xft/xft2 подсистемите кои на X програмите им овозможуваат подиректна контрола врз приказот на буквите, како и посакуваниот ефект на anti-aliasing.
Еве како е кај мене подесено: [.xftconfig], [fonts.dir], [fonts.alias], [fonts.scale] Како основни фонтови (достапни и до старите X апликации) ги користам __arial__, __times__ и __lucidaconsole__ (lucon.ttf), плус __cursor_white.pcf__ и __nil2.pcf__ кои му се неопходни на X-от. Сите други TTF фонтови се достапни само преку xft екстензијата.