Firefox
Некогаш прелистувачите кои ги користиме не прават она што ни треба. Некогаш се однесуваат чудно, на моменти бавно или изгледаат грдо. За таа цел странава треба да понуди решенија и предлози за подобра работа со најчесто користените прелистувачи. Најпрво со Mozilla Firefox.
Mozilla Firefox
Пред некое време се појави некој пропуст во Firefox кој сега веќе треба и да е решен. Но во секој случај доколку Mozilla Firefox се однесува бавно и ви јаде непотребно РАМ, може да го направите следново:
Отворете Firefox и во полето за адреса пишете about:config. Ќе се отвори листа со подесувања од каде што Firefox вчитува потребни вредности. Десен клик во листата со вредности и кликнете врз New->Boolean и како вредност внесете config.trim_on_minimize. После тоа ќе ве праша за вредност на низата, изберете True. Рестартирајте го Firefox. Проблемот треба да е решен.