БОС 2с.мк Реактор
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Состанок 2с.мк + Реактор 14.10.2012 во 16:30 ч.
Тема: Соработка за проект за информациско-комуникациски технологии и родови прашања
Присутни:
Новица Наков, Дамјан Георгиевски од 2с.мк
Тања Малевска, Јана .... ? од Реактор
Тамара Атанасоска Реактор/2с.мк
Состанокот е инициран од страна на Реактор за да се утврди можниот интерес за соработка помеѓу нив и 2с.мк.
Клучни точки од тоа што беше кажано од претставничките на Реактор
Малку е веројатно дека проектот што би се напишал би добил средства од повикот што е актуелен, сепак тој би можел да се користи за други конкурси, како и да послужи како темел за соработка меѓу двете организции. На Реактор овој проект моментално не му е потребен.
Други детали за (идејата за) проектот:
1. Да има две компоненти (Тања)
- истражување за жените во ICT индустријата во Македонија што би го правел Реактор + истражување на документи/легислатива во РМ за оваа тема;
- outreach средби / предавања / настани / летна школа што би било воглавно обврска на 2с.мк. Можно е овие да бидат основа за покривање на оперативни трошоци на хаклабот за 2 години (колку што би траел проектот).
Улогата на 2с.мк (Тамара)
- outreach-от да не биде само за програмирање, туку „суштински“ да се посвети на ICT;
- Да се поттикне / овозможи отварање на „женски“ хаклаби;
- Да се цели на вклучување на средношколците во разни градови;
Достапни алатки што се слободен софтвер (Дамјан)
- Mozilla Hackasaurus (може да се преведе - прилагоди);
- Aurdino и сл.
Алтернатива на „патувачкиот“ outreach (Новица)
- за да се задоволат финансиските криетриуми на проектот да се направи план за проширување на хаклабот: во физичка смисла - поголем хаклаб во метри квадратни, во инфраструктурна - да има повеќе ресурси, геџети итн, и во човечка - да има повеќе луѓе кои ќе помагаат во креирањето содржини;
- во новата околина да има посебен фокус на жени / девојки и родовиот јаз;
- во новата околина да се носат на настани / работилници луѓе што не се од Скопје.
Состанокот заврши во 18:30 ч.
TODO: 2с.мк во најкус можен рок да се изјасни дали (и ако да како) би сакала да учествува во проектот.
Поврзани документи: http://slobodensoftver.org.mk/dokumenti/nasoki_za_sorabotka_so_drugi_pravni_lica