БОС 2с.мк Реактор

Од Сподели wiki
Преработка од 08:08, 15 октомври 2012; направена од Новица (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Состанок 2с.мк + Реактор 14.10.2012 во 16:30 ч.

Тема: Соработка за проект за информациско-комуникациски технологии и родови прашања

Присутни:

Новица Наков, Дамјан Георгиевски од 2с.мк

Тања Малевска, Јана .... ? од Реактор

Тамара Атанасоска Реактор/2с.мк

Состанокот е инициран од страна на Реактор за да се утврди можниот интерес за соработка помеѓу нив и 2с.мк.

Клучни точки од тоа што беше кажано од претставничките на Реактор

Малку е веројатно дека проектот што би се напишал би добил средства од повикот што е актуелен, сепак тој би можел да се користи за други конкурси, како и да послужи како темел за соработка меѓу двете организции. На Реактор овој проект моментално не му е потребен.

Други детали за (идејата за) проектот:

1. Да има две компоненти (Тања)

  1. истражување за жените во ICT индустријата во Македонија што би го правел Реактор + истражување на документи/легислатива во РМ за оваа тема;
  2. outreach средби / предавања / настани / летна школа што би било воглавно обврска на 2с.мк. Можно е овие да бидат основа за покривање на оперативни трошоци на хаклабот за 2 години (колку што би траел проектот).

Улогата на 2с.мк (Тамара)

  1. outreach-от да не биде само за програмирање, туку „суштински“ да се посвети на ICT;
  2. Да се поттикне / овозможи отварање на „женски“ хаклаби;
  3. Да се цели на вклучување на средношколците во разни градови;

Достапни алатки што се слободен софтвер (Дамјан)

  1. Mozilla Hackasaurus (може да се преведе - прилагоди);
  2. Aurdino и сл.

Алтернатива на „патувачкиот“ outreach (Новица)

  1. за да се задоволат финансиските криетриуми на проектот да се направи план за проширување на хаклабот: во физичка смисла - поголем хаклаб во метри квадратни, во инфраструктурна - да има повеќе ресурси, геџети итн, и во човечка - да има повеќе луѓе кои ќе помагаат во креирањето содржини;
  2. во новата околина да има посебен фокус на жени / девојки и родовиот јаз;
  3. во новата околина да се носат на настани / работилници луѓе што не се од Скопје.

Состанокот заврши во 18:30 ч.

TODO: 2с.мк во најкус можен рок да се изјасни дали (и ако да како) би сакала да учествува во проектот.


Поврзани документи: http://slobodensoftver.org.mk/dokumenti/nasoki_za_sorabotka_so_drugi_pravni_lica