OpenOffice.org

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

OpenOffice.org е слободен канцелариски пакет од апликации и е достапен за разни оперативни системи вклучувајќи Linux, MS Windows, Solaris, OpenVMS, IRIX и Mac OS X. Го поддржува стандардот за отворени документи.

OpenOffice.org е базиран на StarOffice, кој пак е пакет развиен од StarDivision и купен од Sun Microsystems во 1999. Изворниот код на пакетот беше издаден во јули 2000 со цел да се намали доминантниот удел од пазарот на Microsoft Office со обезбедување на слободна, отворена и висококвалитетна алтернатива. OpenOffice.org е слободен софтвер, достапен под LGPL.

Проектот и софтверот неформално се нарекуваат „Open Office“, но основачите на проектот предупредуваат дека тој термин е заштитена трговска марка на друго здружение, со што се јавува потребата за прифаќање на „OpenOffice.org“ како формално име, скратено OOo или OO.o.

Преглед

OpenOffice.org има сличен изглед на Microsoft Office, може да ги чита и да запишува во неговите формати на датотеки. Дури може да отвори некои постари документи од MS Word, кој поновите верзии од него не можат да го отворат.

Пакетот главно се развива за Linux, Microsoft Windows и Solaris, но постојано се портира на Mac OS X и на *BSD. Го има во речиси сите дистрибуции на GNU/Linux.

OpenOffice.org претставува колекција од програми, меѓу кои:

Writer

Writer е обработувач на текст, со многу функции и алатки. Има функција за извезување во PDF без користење на додатен софтвер и може да послужи како WYSIWYG уредувач на веб страници. Многу од функциите од Calc се достапни во табелите на Writer.

Calc

Calc се користи за табеларни пресметки. Тој исто така може да ги извезува документите во PDF.

Impress

Програма за правење на презентации. Може да ги извези програмите во Adobe Flash (SWF) или пак во PDF. Иако не изобилува со шаблони за презентациите, нив лесно можете да ги најдете на Интернет.

Base

Овозможува лесно креирање и управување со бази на податоци.

Draw

Алатка за цртање векторска графика.

Math

Алатка за лесно пишување на математички формули.