Plain text

Од Сподели wiki
Преработка од 20:31, 29 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Plain Text форматот или форматот на Обичен текст е отворен формат за запишување на податоци во текстуална форма во датотеки кои потоа може да се отворат секаде и во било кој режим. Plain text е најискористениот формат при употребата на компјутерите, неговата преносливост доаѓа од таму што е поддржан од речиси секоја апликација на секоја машина. Сепак, има некои ограничувања поради непостоењето на можности за форматирање.

Најлесниот начин да прегледувате, читате и запишувате текст е да го користите овој формат за датотеки.

При комуникација и споделување на податоци со друго лице, препорачано е избегнување на употребата на форматиран текст: користењето на обичен текст (ascii или .txt формат) гарантира пристап за секого, без разлика на софтверот или платформата што се користи. Во вашите пораки по е-пошта, ако за Вас е поважна содржината, а не формата на текстот, користете обичен текст за испраќање, директно во телото на вашата порака, наместо испраќање како прилог. Обичниот текст не може да носи вируси, екстремно е лесен и може да се користи за создавање табели (со табулации или запирки) со било кој софтвер кој може да го отвора.

Unix-оидните системи (вклучувајќи го и GNU/Linux) користат опишувачи на датотеки (file descriptors) од конфигурациони датотеки па се до датотеки кои се врски за некој уред. Тие податоци се складираат во форматот на обичниот текст.

MIME тип кој овој формат го користи е text/plain, а проширување .txt.