Python

Од Сподели wiki
Преработка од 18:13, 24 октомври 2006; направена од 62.162.189.50 (разговор) (→‎Python код)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Python

Оваа содржина не е дел од упатствата за програмирање во Python кои треба да следуваат


Python (се чита Пајтон) претставува скриптен програмски јазик развиен од Guido van Rossum во раните 90ти години. Јазикот денес се применува на големо за мали скриптни потреби, па се до скрипти за извршување операции на веб страни на Интернет. Неговата едноставност лежи во тоа што програмерот не е толку ограничен во пишувањето на кодот и не мора да се држи до строги правила (сепак има правила) како што е случај со другите програмски јазици. Пример, за да се користи променлива во програмските јазици C/C++ потребно е да се наведе од кој тип е таа променлива. Во Python само доделувате вредност и интерпретерот сам знае каква вредност се крие зад таа променлива. Тоа на македонски би се нарекло динамички испишан јазик, а во правилна терминологија dynamically typed language. Покрај тие поедноставувања Python има уште редица други кои на програмерот му овозможуваат побрзо сработување на некои задачи и заштеда на време.

Python код

Следниов код дефинира функција со еден параметар, ја испишува вредноста на параметарот, ја проверува вредноста споредена со 5 и испишува порака. Бидејќи најдолу за вредност на параметарот даваме 3, ќе ја испише пораката "Pomal od 5".

 #!/usr/bin/env python
  1. -*-encoding: UTF-8 -*-

def reverse(a):

c=[] b=

for i in range(a.__len__()): c+=a[i]

i=c.__len__()

while i != 0: b+=c[i-1] i-=1;

return b.capitalize()

print reverse(raw_input("Input string to reverse:"))

Python поврзувања (bindings)

Тоа се преимплементирани библиотеки од типот на GTK, Qt, WxWidgets итн. кои преку Python код ги нудат своите можности за графички контроли и сл. преку кои на корисникот може да му се презентира графички интерфејс, а сепак зад него да стои Python код. Апликација напишна во PyQt е Eric3 - Python развојна средина (IDE), а во PyGtk добар претставник е Nicotine - Soulseek клиент.

Врски

Python

Dive into Python - Е-Книга

Python online

Python на Wikipedia

Python планета