Упатство:Ажурирање на Slackware Linux

Од Сподели wiki
Преработка од 12:11, 26 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова упатство е за ажурирање на безбедносни закрпи на Slackware 11 (не е за ажурирање на Slackware-current)

Кратко упатство

Сите команди пишете ги како root корисник (администратор):

wget http://software.jaos.org/slackpacks/11.0/slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz
installpkg slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz
wget http://www.spiki.be/slackware/slapt-getrc -O /etc/slapt-get/slapt-getrc
slapt-get --install gslapt
slapt-get --update
telinit 3
slapt-get --upgrade --no-prompt


Подетално упатство

Сите команди (за инсталирање и тие со slapt-get) пишете ги како root корисник (администратор):

На software.jaos.org симнете slapt-get (конзолна апликација, клон на Debian apt-get) бинарен пакет за Slackware 11.

Инсталирајте го со командата:

installpkg slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz

Потоа во /etc/slapt-get/slapt-getrc сменете го стандардното

SOURCE=ftp://ftp.slackware.com/pub/slackware/slackware-11.0/

во помалку оптеретено огледало

SOURCE=ftp://ftp.slackware.at/slackware-11.0/

Освежете ја листата на пакети со:

slapt-get --update

Незадолжително, пробајте симулација на што ќе се случи со upgrade (кои пакети симнува, ажурира итн):

slapt-get -s --upgrade

Потоа:

telinit 3

multiuser runlevel без графичка околина, за секој случај, зашто менува X...

За симнување и инсталација на новите пакети напишете:

slapt-get --upgrade

Притиснете:

y

за да се симнат и ажурираат пакети кои што ги имате инсталирани

Симнува околу 174 МБ пакети (заклучно со 23 април 2007)


Додатни информации

Ако сакате да ви бидат достапни пакети од linuxpackages.net огледалото тогаш додатете и SOURCE=http://ftp.scarlet.be/pub/linuxpackages/Slackware-11.0/ во /etc/slapt-get/slapt-getrc. Потоа ажурирајте ја листата уште еднаш со:

slapt-get --update

Пребарување за пакети се прави со:

slapt-get --search firefox

Инсталација:

slapt-get --install kopete

Упатството за slapt-get можете да го добиете со командата:

slapt-get

Симнатите пакети се наоѓаат во

/var/slapt-get

т.е.

/var/slapt-get/patches

Gslapt (GTK апликација)

Кога сте во графичка работна околина (KDE, GNOME), за поудобно користење употребувајте го GUI интерфејсот, апликацијата gslapt, која после инсталирање се наоѓа во К(де) Мени, Систем. Инсталирајте ја со командата:

slapt-get --install gslapt