Хаклаб
Патот од 1000 милји започнува со првиот чекор.
Уште пред yaxwe имавме идеја за започнување на првиот Хаклаб во Скопје, е па еве ја вики страницата за тоа.
Просторија
По можност на достапна локација, во и околу центарот на градот.
Ако е во државна сопственост можеби ќе треба да ја побараме на користење од владанарм/остваруваме.
Струја, парно, вода и комуналии си плаќаме сами, ако не плаќаме и кирија.
За почеток може да најдеме некоја донација.
Треба да најдеме одржлив начин местото да ги генерира овие пари, дали преку обуки, предавања, како интернет кафе или сл.
Компјутери
Донација на искористени компјутери, ние им инсталираме СС и тие повторно заживуваат.
Од министерства, компании и сите оние кои ќе решат да донираат.
10/15 се доволни за почеток.
(gemidjy): Ваучерите од апсолвентите кои се дел од заедницата да бидат искористени за купување опрема за клубот.
(Кире) : Има фондација Е-македонија, која ќе донира 5000 евра во нова опрема за најдобар проект | www.e-makedonija.org.mk треба проект само да се напише :)
Инвентар
Да донесеме се што имаме досега од активности што ни биле објавени во весници, списанија, опаковки од цедиња што сме ги правеле, слики и сл. (за лепење по ѕидови или табли).
Слободен софтвер
Активности
Интернет
(Кире) : Дали Он.Нет нешто може да помогне тука ???
Верувам дека може, интернетот е најмалиот проблем, во целата инфраструктура.
Полица за книги
Ги имаме доволно, мислам на книгите. Ни недостасуваат само полици.
Катче за муабет
На ова место не е дозволено носење и употреба на компјутери, лаптопи и сл.
(gemidjy: -1, nonsense, нели на Yaxwe имаше дискусија на која се заклучи дека гиковите и лаптопите се анатомски неразделни :))
Си ја пропуштил темата. Тоа беше за време на сесиите, во хаклабот СЕКОГАШ важи тоа правило. Во ќошето никој не носи лаптоп и Патрис вареше чај и се
муабетеше. +10
-1. Кој кај сака нека носи лаптоп. Хаклаб е. Мислам дека може да се договориме ако праиме состанок да доеме без лаптопи, мн попросто.
Место за пиење чај, и релаксација со инспиративни дискусии на современи теми.
Потребно: Црн чај и турски чајник од битпазар. :)
ufo: http://events.ccc.de/congress/2007/Fahrplan/attachments/1003_Building%20a%20Hacker%20Space.pdf - презентација од CCC со совети за градење на Хаклаб (must read!)