Хаклаб/Проекти

Од Сподели wiki
Преработка од 17:41, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (23 ревизии: initial)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

GPXE мрежни карти

Мрежни карти со GPXE софтверот за мрежно бутирање. Мрежни карти со место за boot chip веќе имаме, но ќе ни требаат (E)EPROM-и. Може 27C256, 27C512 или 27C010 (256Kbit, 512Kbit и 1Mbit соодветно). Image-от ќе го генерираме на http://rom-o-matic.net/

Подпроект на ова е да се направи (е)eprom програматор со arduino за да може да ги „срежеме“ image-ите.

LED дисплеј

LED дисплеј кој ќе го покажува најновиот статус од твитер. Arduino проект. Ќе ни требаат црвени диоди.. Многу. Можеби и hcf4094 serial-to-paralel шифтери.

Или пак да користиме повеќе AtMega чипови кои што ќе комуницираат меѓу себе. Со шифт регистри е многу полесно и веројатно поефтино.

Шеми и останато : http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти/LED-Дисплеј

Досегашен план:

  • Да се набават пробни панели (4 на број) од Sure-Electronics (China) - http://www.sureelectronics.net/goods.php?id=1122
  • Да се проба да се одстранат рабовите од истите за да можеме и вертикално да ги надаваме
  • Да се изврзе контрола (сериска) преку Arduino

Почетокот на продажбата на панелите се очекува во ноември, до тогаш може да смислуваме други ситни работи.

Буџет

  • 4 плочки по $20 = $80 + пат за истите
  • Метална кутија - не сме стасале до тука :)

Робот

Некаков :) .. можеби за тепање

Идеја (Алекс) да се конструира отворен харвер заедно со некој софтвер за ардуиното кој ќе е од отворен карактер па да можат повеќе луѓе да го изработат работот. Електрониката јас ќе ја дизајнирам.

X300 на Ubuntu 10.04

Да ги проработиме ncomputing x300 мулти-терминал картиците на некое поново Ubuntu (идеално на 10.04 LTS)


Досегашен напредок :

Идејата е да се инсталира стар кернел (2.6.20-17-generic) на 10.04 и доколку е потребно и стара верзија на Xorg (108). Досега е пробано со стар кернел но прави пролеми udev-от (кој мислам дека е решен ?) како и ext4 фајл системот.

Систем за производство на печатени плочки

Сега за сега може со метода на трансфер на тонер, а може да се преправи некој печатач директно да печати на плочката (има варијанти и за инкџет и за ласерски). Може да се направи и со помош на ултравиолетово осветлување и со помош на спреј за развивање со кое се добиваат идеални плочки особено добри за SMD работа. Може потоа да се склепи и CNC (Computer-Number-Controlled) „бушалица“ за нивно „професионално“ бушење.

Колаборативен едитор во хаклаб

Нешто од типот на Bespin или пак etherpad би била корисна алатка за хаклабот.

Миграција на froggin.mk на google-appengine

Употреба на http://code.google.com/p/py-dom-xpath/ наместо lxml поради тоа што google appengine не поддржува lxml

ВебСиндикат

Апликација што ќе им овозможи на работниците (пред сѐ младите) да ги споделат своите добри и лоши искуства со работодавачите. ВебСиндикат идеја.

Speed-O-Meter (скоро завршено)

Мерач на интернет брзината на трафикот кој проаѓа низ DebiLan серверот во стил на old-school мерач. Инспирација : http://www.twitvid.com/W55CH

Поштенско Сандаче

Макета на поштенско сандаче/кутија кое што ќе има автоматизирано „знаменце“ и при стасување на нова порака во e-mail сандачето, знаменцето автоматски да се крева, а по нејзино проверување знаменцето да се спушта во оргиналната позиција.

Ова може да биде врзано истотака на DebiLan кој што ќе биде подесен да проверува мејл на @slobodensoftver.org.mk

LED Cube

Повеќе на http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти/LED_Cube