Идејник/Web2mk
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Twitter и јавен сообраќај
Автобуси
Неупотребливите веб страници на ЈСП и другите превозници оставаат можност за подобрување на услугите од заинтересирани граѓани со помош на Web 2.0 технологии.
Twitter робот кој би кажувал во колку часот следниот автобус тргнува од некоја станица би бил корисен. Функционалноста сепак би била ограничена бидејќи јавните превозници не знаат во колку часот се на секоја автобуска поединечно. Сепак, и обичното време на поаѓање е подобро од ништо.
Такси
Патувај заедно е добар концепт за патувања кои треба подолго и однапред да се планираат. Но зошто да нема и координација за такси? Робот кој би можел да известува веднаш за луѓе на кои од исто соседство им треба такси за одреден правец, кое би можеле да го делат?