Хаклаб/Курсеви/Вовед во програмирање
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Практичен вовед во програмирање
programming 101
Ова е основен курс за програмирање за кој не се потребни никакви предзнаења. Со него ќе ги научите концептите на програмирањето, основните делови на програмскиот јазик python и некои корисни алатки што ќе биде доволно да пишувате основни програми, а ќе можете и со леснотија да се впуштите во проучување и на покомплексни програмски концепти, програмирање за веб, десктоп, мрежи итн.
Предвидено е курсот да трае 5-6 недели, една сесија неделно со по два часа.
Преглед на курсот
- Основи на програмирање - што е изворен код, како се структурирани програмите, како се извршуваат
- Имиња, вредности, типови - кои се основни градбени единки на програмите
- Контрола на тек - кој дел од кодот се извршува сега, како да се прескокне дел од програмата, а како да се повтори некој друг. како да се справиме со грешки
- Функции - што да се прави кога некој дел од кодот ни треба почесто
- Модули и пакети - за кутијата со алати на python
- Практичен пример: Адресар - ги зачувува адресите и телефоните по име и презиме, за подоцна лесно да може да се пребаруваат
- Практичен пример: Веб кролер - може да зачува содржина од цел веб сајт, и од неа да ги извади корисните работи.