HTML

Од Сподели wiki
Преработка од 18:20, 29 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

HTML, скратено од Hypertext Markup Language, е предоминантен маркап јазик за создавање на веб страни. Овозможува средства за опис на структурата на текстуално-базирани информации во документ, преку обележување на делови од текстот како заглавја, параграфи, листи итн. како и дополнување на текстот со интерактивни форми, вградени слики и други објекти. HTML е напишан во форма на ознаки (наречени тагови/лепенки), опкружени со знакот „помало од“ (<) и „поголемо од“ (>). HTML може да служи за опис, до некој степен, на изгледот и семантиката на документи, и може да вклучува вграден јазик за скриптирање кој ќе повлијае врз однесувањето на прелистувачите и други HTML обработувачи.

HTML исто така често се поврзува со содржината на MIME типот text/html, па дури и пошироко, како генерички поим за HTML, без разлика дали се работи за XML проширувањето на HTML (како XHTML 1.0 и сл.) или како наследник на SGML.

Дефинирање на HTML

HTML стои за Hypertext Markup Language.

  1. Hypertext е обичен текст кои е опремен со дополнителни можности, како форматирање, слики, мултимедија и врски до други документи.
  2. Маркап е процес на земање обичен текст и додавање дополнителни симболи. Секој симбол употребен за маркап во HTML е команда која му кажува на прелистувачот како да го прикажи текстот.