PDF

Од Сподели wiki
Преработка од 09:24, 30 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

PDF (Portable Document Format) е формат на датотеки создаден од Adobe Systems во 1993 за користење при електронско издаваштво. PDF се користи за претставување на дво-димензионални документи кај формат на документи кој е независен од резолуцијата на мониторот/уредот на кој се прикажува. Секоја PDF датотека енкапсулира комплетен опис на 2D документ (и со напредокот на Acrobat 3D, вградени 3D документи) кој вклучува и текст, фонтови, слики и 2D векторска графика која го креира документот.

PDF е отворен стандард и е во подготовка за пријавување како ISO стандард.

Историја

Кога PDF прво излезе во раните 90ти, требаше време за корисниците да се навикнат на него. Во тоа време, не само што единствената алатка за создавање PDF чинеше пари (Acrobat), но и самиот софтвер за преглед на PDF датотеки не беше бесплатен. Раните верзии на PDF немаа поддршка за надворешни врски, со што се намалуваше употребливоста на мрежата. Плус, постоеја конкурентни формати како Envoy, Common Ground Digital Paper, па дури и самиот формат на Adobe, PostScript. Adobe за скоро почна да дистрибуира Acrobat Reader (сега Adobe Reader) бесплатно (но не и слободно) и продолжи да го поддржува PDF форматот преку негова повеќегодишна промоција. PDF најпосле стана дефакто стандард за документи за печатење

Во PDF форматот направени се неколку измени, најпрво имаат излезено нови верзии на Adobe Acrobat. Има 8 верзии на PDF: од 1.0-1.7.

PDF во сите слободни канцелариски апликации може да се направи само со 1 клик.

MIME тип за PDF е application/pdf, а проширување .pdf.