Python
Python
Python (се чита Пајтон) претставува динамички програмски јазик развиен од Guido van Rossum во раните 90ти години. Јазикот денес се применува насекаде за скрипти, па се до апликации за извршување поголеми операции. Неговата едноставност лежи во тоа што јазикот е динамички, програмерот не е толку ограничен во пишувањето на кодот и не мора да се држи до строги правила како што е случај со другите статички испишани програмски јазици. Пример, за да се користи променлива во програмските јазици C/C++ потребно е да се наведе од кој тип е таа променлива. Во Python динамичноста дозволува интерпретерот да открие каква вредност се крие зад таа променлива. Повеќе околу ова може да прочитате овде. Покрај тие поедноставувања Python има уште редица други кои на програмерот му овозможуваат побрзо работење и завршување на некои задачи и заштеда на време.
Python код
Следниов код бара од корисникот да внеси низа од броеви за кои ќе биде пресметана и испишана сумата:
a = list() size = input('Внесете го бројот на елементи: ') for i in range(size): a.append(input()) print 'Елементите се: ', a sum = 0 for i in range(size): sum += a[i] print 'Сумата на елементите е ', sum
Овој код ќе Ви изброи од 1 до 10 растечки
a = 0 while a < 10: a = a + 1 print a
Python поврзувања (bindings)
Тоа се преимплементирани библиотеки од типот на GTK, Qt, WxWidgets итн. кои преку Python код ги нудат своите можности за графички контроли и сл. преку кои на корисникот може да му се презентира графички интерфејс, а сепак зад него да стои Python код. Апликација напишна во PyQt е Eric3 - Python развојна средина (IDE), а во PyGtk добар претставник е Nicotine - Soulseek клиент.