Qt

Од Сподели wiki
Преработка од 17:25, 4 февруари 2008; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Qt (се чита „кјут“) е повеќе-платформски фрејмворк за развој на апликации, најчесто употребуван од страна на развивачите на графички апликации како тулкет за графички контроли, но не помалку и од програмери за не-графички потреби како што се алатки за во терминал или за задоволување на серверски потреби. Qt е најпознат како сржта на KDE, Opera, Google Earth, Skype, Qtopia, Photoshop Elements итн. Создаден е првично од норвешката компанија Trolltech (сега во сопственост на Nokia (од јануари 2008)).

Qt користи C++ како програмски јазик со неколку нестандардни проширувања дополнително имплементирани со цел генерирање на C++ код пред компајлирањето. Qt исто така може да користи и други јазици преку многубројните поврзувања (eng. bindings), како што се Ada, C#, Java, PHP, Ruby (RubyQt) и Python (PyQt). Може да се користи на сите познати платформи (со мали исклучоци) со можности за локализација на алатките за развој но и на производите создадени со Qt. Не-графичките модули вбројуваат пристап до SQL бази на податоци, XML парсирање, справување со нишки, поддршка за мрежни операции и унифицирано повеќе-платформско API.