SVG
Скалабилни Векторски Графики(SVG) е маркап јазик за опишување на дво димензионални векторски графики, статички и анимирани, декларативни и скриптирани. Сликите можат да содржат хиперлинкови користејќи едноставни XLinks кон надворешни врски. Тоа е отворен стандард креиран од Конзорциумот на светската интернет мрежа(WWWC).
SVG подржува три типа на графички објекти:
* Скалабилни векторски форми (пр. патеки од прави и искривени линии, и области кои се поврзани од нив ) * Растерски графички слики / дигитални слики * Текст
SVG цртежи можат да бидат динамички и интерактивни. Документниот објектен модел (DOM) за SVG, кој го содржи целосниот XML DOM, овозможува лесна и ефикасна анимација со векторска графика преку ECMAScript или SMIL. Богат сет на справувачи со настани како onmouseover и onclick можат да бидат доделени на секој SVG графички објект. Поради нејзината компатибилност и изедначеност со другите Веб стандарди, својства како скриптирање кои можат да се применат на SVG или на други XML елементи во една веб страна. Добар пример за тоа е игра слична на Тетрис која е целосно имплементирана како SVG објект.
Сликите се Автоматски ратеризирани користејќи библиотека како ImageMagick, која обезбедува брза но нецелосна имплементација на SVG, или Batik, која имплементира речиси се од SVG 1.1 но користи Java Runtime Environment.
* Inkscape е слободна SVG програма за цртање која работи на Linux, Windows и Mac os. * Sodipodi е слободна SVG програма за цртање на која Inkscape е базиран. * Batik SVG алатникот може да се користи од Јава програми за рендерирање, генерирање, и манипулирање на SVG графика. * GNOME проектот има интегрирана SVG поддршка од 2000 година. * Слики нацртани во OpenOffice.org Draw можат да бидат зачувани во SVG. Додатни филтри се користат за да се внесат SVG слики во OOo документи. * Adobe Illustrator поддржува и внесување и изнесување на SVG слики. * CorelDRAW има подршка за внесување и изнесување на слики. * Sketsa е повеќе-платформска програма за SVG цртање. * Xara Xtreme има подршка за внесување и изнесување на слики во нејзината слободна Linux верзија. * KoolMoves има слаба SVG поддршка. * Microsoft Visio може да зачувува датотеки во SVG и во SVG компресираниот формат. * EVE (Embedded Vector Editor) има подршка за внесување и изнесување на слики.