Slapt-get

Од Сподели wiki
Преработка од 10:58, 10 април 2008; направена од 62.162.166.127 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Slapt-get е систем за менаџмент на пакати за Slackware кој е сличен на APT.

Се обидува да ги емулира можностите на apt-get од Debian колку што е можно повеќе

Особини

  • користи Slackware алатки (installpkg, upgradepkg и removepkg)
  • подржува повеќе извори на пакети (вклучувајќи го http://linuxpackages.net)
  • кеширање на податоци за пакети и надоградби од изворите на пакети
  • подржува извори од ftp, ftps, http, https, file:/// и други (libcurl)
  • продолжување на прекинати преземања и проверка на интегритетот на пакетите со MD5 checksum
  • прикажување на пакети кои се достапни (од кешираните) и инсталирани
  • пребарување и листање на пакети користејќи POSIX и продолжени регулрани изрази според името на пакетот, локација и објаснување
  • враќање, инсталација, одстранување на пакети по име или специфицирана верзија
  • преземање и инсталирање на надоградби
  • надоградба од едно до друго Slackware издание во неколку чекори
  • прикажување на описи на пакетите, вклучувајќи локација на огледалото, верзија, големина, зависности (ако се достапни), конфликти (ако се достапни), сугестии (ако се достапни), описи и статус на инсталацијата
  • исклучување на пакети од надоградба, по име или по регулрани изрази
  • трансакциски енџин за инсталација, одстранување и надоградување, пријавување концизни информации за тоа што треба да се направи, осигурувајќи дека секој чекор ќе се направи точно
  • алгоритам за проверка на верзиите на пакетите за да се спречи инсталирање на постари верзии на пакети
  • рекурзивно решавање на зависности користејќи ги slack-required мета податоците
  • решавање на конфликти меѓу пакетите користејќи ги slack-required мета податоците
  • подршка за сугестија на пакети за комплементарни пакети
  • робустност во преземањето на пакетите, само запишувајќи ги промените ако сите извори се преземат успешно како и преземање само на тие извори кои се променале од последното преземање
  • i18n подршка преку GNU gettext со преку 20 јазични преводи
  • екстремно брз и лесен за скриптање

Зависности

Slapt-get не обезбедува разрешување на зависностите на пакетите вклучени со Slackware дистрибуцијата. Но, обезбедува фрејмворк за разрешување на зависности за Slackware компатибилни пакети слично на методот кој го користи APT. Неколку извори на пакети и Slackware базирани дистрибуции ја користат предноста на оваа функционалност.

Додавање на информации за зависностите не бара модификација на самите пакети. Наместо тоа, датотеката PACKAGES.TXT се користи за да се специфицираат тие врски. Оваа датотека е обезбедена од Volkerding Patrick Volkerding и е слична на на Packages.gz датотеката кај Debian. Постојат неколку скрипти за генерирање PACKAGES.TXT датотека од крупа од пакети. Форматот користен од Patrick Volkerding е проширен со додавање на неколку екстра линии за пакет. Slapt-get потоа ја парсира оваа датотека за време на преземањето од изворите. Типично, некои пакети добиени од други неофицијални извори ги зачувуваат информациите за зависностите во пакетот за подоцна да го отпакуваат во PACKAGES.TXT. Содржината на оваа информација во форматот на пакетот не ја спречува можноста на pkgtools да ги инсталира ваквите пакети.Оваа информации е игнорирана после инсталацијата на пакетот.

Постојат и други методи за додавање на информации за зависностите за официјалните Slackware пакети без менување на пакетите.

Извори на пакети

Slapt-get работи со официјални Slackware огледала и third party репозитори. Slapt-get ги бара PACKAGES.TXT и CHECKSUMS.md5 во репозиторито за да добие информации за пакетите.Овие датотеки обезбедуваат имиња на пакетите, верзии, големини (компресирани и некомпресирани), checksum-и, како и опис на пакетот. Овие датотеки можат да бидат проширувани, како што беше кажано во претходната секција, за да се додадат листи на зависности, информации за конфликти и сугестии за пакети.

libslapt

Slapt-get експоритра C библиотека која е користена од gslapt зза да обезбеди слична функционалност преку GTK+ интерфејс.

Дистрибуции

Освен Slackware, slapt-get може да се користи или да е вклучен со следниве дистрибуции:

* Vector Linux
* Mutagenix
* SLAX
* Slamd64
* Freerock GNOME
* GWARE GNOME
* SLAMPP
* OpenLab GNU/Linux
* Open Community Slackware Install DVD
* Floyd GNU/Linux
* STX GNU/Linux
* Nonux GNU/Linux
* Wolvix LiveCD
* College Linux


Примери

 $ slapt-get --update
 Retrieving package data http://www.slackware.at/data/slackware-10.0/ ...Done
 Retrieving patch list http://www.slackware.at/data/slackware-10.0/ ...Done
 Retrieving checksum list http://www.slackware.at/data/slackware-10.0/ ...Done
 Reading Package Lists...Done
 Retrieving package data http://software.jaos.org/slackpacks/10.0/ ...Cached
 Retrieving patch list http://software.jaos.org/slackpacks/10.0/ ...Cached
 Retrieving checksum list http://software.jaos.org/slackpacks/10.0/ ...Cached
 Reading Package Lists...Done
 $ slapt-get --upgrade
 Reading Package Lists... Done
 The following packages have been EXCLUDED:
   devs kernel-headers
 The following packages will be upgraded:
   binutils bash bin bind cdrtools bzip2 kbd cups cxxlibs e2fsprogs etc gawk gcc gdb inetd infozip less links
   logrotate lynx man man-pages openssh openssl openssl-solibs pidentd pkgtools procps sed shadow slocate
   sysklogd sysvinit tar tcpip util-linux vim wget zlib
 39 upgraded, 0 newly installed, 0 to remove and 2 not upgraded.
 Need to get 36710K of archives.
 After unpacking 17880K of additional disk space will be used.
 Do you want to continue? [y/N]
 $ slapt-get --show slapt-get
 Package Name: slapt-get
 Package Mirror: http://software.jaos.org/slackpacks/10.0/
 Package Location: .
 Package Version: 0.9.9f-i386-1
 Package Size: 147 K
 Package Installed Size: 530 K
 Package Required:   curl >= 7.12.0-i486-1,glibc-solibs >= 2.3.2-i486-7,binutils,openssl >= 0.9.7d-i486-1,pkgtools,zlib
 Package Conflicts:
 Package Suggests:
 Package MD5 Sum:  cb4b44cbb4efee4e993109231b107828
 Package Description:
 slapt-get: slapt-get (APT like system for Slackware)
 slapt-get: slapt-get is an APT like system for Slackware package management.
 slapt-get:
 slapt-get:  * See /usr/doc/slapt-get-0.9.9f/ for complete documentation.
 slapt-get:  * You will also want to customize /etc/slapt-get/slapt-getrc,
 slapt-get:    using a local mirror.  www.slackware.com may be very busy.
 slapt-get:  * Support:
 slapt-get:    http://software.jaos.org/cgi-bin/mailman/listinfo/slapt-get-user
 slapt-get:  * Please translate
 slapt-get:    http://software.jaos.org/BUILD/slapt-get/po/slapt-get.pot
 slapt-get:    then send to slapt-get-devel@software.jaos.org
 slapt-get:
 Package Installed: yes

Надворешни линкови