XGL
Упатство за инсталирање на XGL
Ова е упатство за инсталирање на XGL на SuSE Linux 10. Во верзијата 10.1 која треба да излезе на 25 април 2006 XGL е официјално поддржан, па упатствата кои следуваат нема да важат за таа верзија. Ако не знаете што е XGL посетете ја страницата на Novell.
Упатството во иднина ќе биде ажурирано со начин на XGL инсталација за други дистрибуции.
Инсталација на библиотеки и потребни пакети
Прво треба да се инсталираат следниве библиотеки:
Пакетите се инсталираат исто како и било кој друг rpm пакет за SuSE:
# su # rpm -i _package_.rpm
каде _package_.rpm е име на пакетот. На пример: rpm -i libdrm-2.0-5.i586.rpm
После инсталацијата на библиотеките потребно е да се инсталира пакет за компатибилност на XGL:
Потоа се инсталира XGL пакетот:
Ако при инсталацијата на пакетите не се појавија никакви грешки, отворете го како root следнава датотека за уредување:
# su # gedit /etc/sysconfig/displaymanager
во неа барајте ја линијата која содржи "DISPLAYMANAGER_XSERVER" и наместо Xorg напишете Xgl. Исто како root отворете ја следнава датотека за уредување:
# su # gedit /etc/opt/kde3/share/config/kdm/kdmrc
во неа сменете го ServerCmd=/usr/X11R6/bin/X -br во ServerCmd=/usr/X11R6/bin/Xgl -br. Зачувајте ја датотеката и напишете во терминал емулатор(Konsole):
# su # SuSEconfig
Рестартирајте ја тековната X сесија (Ctrl+Alt+Backspace). Логирајте се повторно и инсталирајте го компиз менаџерот за прозорци кој содржи воодушевувачки ефекти на работната околина:
Во System->Gnome Control Centre->Sessions во јазичето Startup Programs притиснете Add и во полето за текст внесете:
# compiz --replace gconf decoration wobbly fade minimize cube rotate zoom scale move resize place switcher
Уште еднаш притиснете на Add и во полето за текст внесете:
# gnome-window-decorator
Рестартирајте го GNOME. Сега треба да ги имате сите ефекти на compiz
Некои поважни кратенки на тастатура за compiz
CTRL + ALT + Left/Right - Менување на страна на коцката;
CTRL + ALT + SHIFT + Left/Right - Носење на тековниот прозорец на друга страна на виртуелната коцка;
CTRL + ALT + Лев Клик - Вртење на коцката рачно со помош на глувчето;
F12 - Прегледно редење на сите прозорци на површината на работната околина;
Alt- Tab - менувач на прозорци.