XML
Проширениот Маркап јазик (Extensible Markup Language/XML) е маркап јазик за општа употреба. Примарната цел е да се олесни споделувањето на податоци за различни информациски системи, конкретно преку Интернет.
Тој претставува поедноставено подмножество на Стандардниот општ маркап јазик (SGML) и е дизајниран да биде релативно читлив за луѓе. Со додавање на семантички ограничувања, XML можат да биде имплементиран во многу јазици за одредени апликации. Тука влегуваат XHTML, RSS, MathML, GraphML, SVG, MusicXML и илјадници други. XML некогаш се користи како јазик за спецификации на јазиците за тие апликации.
XML е препорачан од W3 конзорциумот. Тој е отворен формат со спецификации јавно достапни за секого. W3C препорачува употреба и за лексичка граматика и за парсирање на документи.
Добро оформен и валиден XML
Има две нивоа на точна синтакса на еден XML документ:
- Добро оформена. Добро оформениот документ се состои од сите правила за пишување XML синтакса. На пр. ако некој елемент има ознака за отворање без ознака за затворање (тагови) и не е само-затворачка ознака, тогаш документот не е добро оформен. Документ кој не е добро оформен не се смета за XML документ. Не е дозволено да се употребува парсер за поправка на овие грешки.
- Валидност. Валиден документ дополнително се состои од некои семантички правила. Овие правила се или дефинирани од корисникот или вклучени во XML шемата или DTD. На пр. ако документот содржи недефинирана ознака (таг), тогаш не е валиден. Парсер за поправка на валидноста не е дозволено да се употребува, исто така.
XML синтакса
<book>Фуснотите се многу прекрасна работа, ако има кој да им обрне внимание... </book>
Овде имаме елемент <book>
со вредност „Фуснотите се многу прекрасна работа, ако има кој да им обрне внимание...“.
Најчесто и препорачаное да се употребува ваков корен на документот:
<?xml version="1.0" encoding="UTF-8"?>
Со тоа се наведува верзијата на XML и кодната табела која се користи (во случајот UTF-8).
Коментарите се овозможени со ознаката <!-- како почеток и --> за крај на коментарот:
<!-- Ова е коментар. -->
Кон елементите може да се придодаваат атрибути, еве еден пример:
<name attribute="value">Фуснотите се...</name>
И други слични примери за обемната синтакса на овој јазик.