Automatix

Од Сподели wiki
Преработка од 16:17, 14 мај 2006; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што е Automatix?

Automatix е скрипта за автоматска инсталација на:

  • Мултимедија(кодеци, плеери, рипери, видео-editing)
  • Firefox(со додатоци за мултимедиа, adobe acrobat, java)
  • P2P(dc++, Limewire, emule)
  • Најнова верзија на ОпенОфис
  • Апликации за интернет(аМСН, skype, gFTP, Opera....)
  • Системски алатки
  • Инсталира автоматски најнови драјвери за nVIDIA
  • Алатки за компресија rar, zip, ace
  • Многу други алатки...

Може да се користи само на Убунту Breezy 5.10 последната стабилна верзија на Убунту. Automatix ќе ја поддржува наредната верзија на Убунту Dapper 6.06 кога ќе биде официјално излезена. Скриптата постојано се менува, и листата на софтвер кој го инсталира се зголемува. Arnieboy, креаторот на скриптата, постојано ја надградува со новите верзии на софтверите кои што се содржат во неа, затоа најдобро е да се инсталира најновата верзија на скриптата. Софтверот инсталиран во скриптата се брише преку графичкиот интерфејс туку тоа се прави со помош со посебно пропишани упатства(најчесто преку apt-get remove <software>).

Инсталација

Во терминал емулатор(gnome-terminal) напишете:

  # wget http://beerorkid.com/automatix/automatix_5.7-3_i386.deb
  # sudo dpkg -i automatix_5.7-3_i386.deb

По инсталирањето, во GNOME менито ќе се појави икона на Automatix

Бришење

Во терминал емулатор(gnome-terminal) напишете:

  # sudo apt-get remove automatix

Напомена: На тој начин ја деинсталирате само скриптата, но не и софтверот што бил инсталиран со помош на скриптата.

Врски