Идеи и предлози за 2007
Идеи и планови за 2007 година кои би можеле да се најдат на агендата на Слободен софтвер Македонија и пошироката заедница
(забелешка: по можност тој/таа што ќе пише предлог нека го потпише истиот)
Форум за креирање на македонски речник за компјутерски термини : Ова би бил собир на сите сите преведувачки тимови (луѓето кои работата на локализација на софтвер на македонски јазик), ИКТ професионалци, лингвисти и универзитетски професори на кој би се дискутирало за унификација на постоечките и воведување на нови термини кои се однесуваат на ИКТ. Целта би била поставување на основа за пишување на речник на компјутерски термини.
Ова е дел од нациналната стратегија за развој на информатичкото општество (проект ПР4.16, "Македонски толковен речник од областа на ИКТ"), носител на активноста е Метаморфозис. Незнам точно до каде се стигнати со ова, но мислам дека треба да се вклучиме и активно да учествуваме во овој проект.
Предлагач: Јован Костовски
Македонска конференција за слободен софтвер : настан кој би се одржувал еднаш годишно, на кој би се промовирал слободниот софтвер и би биле претставувани раслични решенија базирани на слободен софтвер. Ќе биде составен од предавања и работилници на различни теми поврзани со слободниот софтвер. Предавачи: Македонската FLOSS заедница , ИКТ професионалци кои работат со слободен софтвер. Учесници: Сите заинтересирани, настанот би бил од отворен тип. Повеќе информации околу идејата ќе најдете во овој документ.
Предлагач: Јован Костовски
Отворање на LUG (Linux User Group) во Скопје
Предлагачи: Јован Костовски, Арангел Ангов