Отворени формати

Од Сподели wiki
Преработка од 11:16, 26 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Отворен формат е објавена спецификација за зачувување на дигитални податоци, најчесто одржувани од организации за поддршка на слободни стандарди, со секаква слобода за користење. На пр. отворениот формат мора да може да биде имплементиран и за неслободен и за слободен софтвер, преку користење на неговата лиценца и во двата случаи. За разлика од отворените стандарди, затворените стандарди се контролирани и дефинирани од лични интереси. Отворените формати се подмножество на отворени стандарди.

Примарна цел на отворениот формат е да гарантира долгорочна заштита на податоците без тековна или идна несигурност по нивната интеграција и правни прашања поврзани со техничките спецификации. Исто битна цел е да се обезбеди конкурентност и натпреварување на полето кој ќе го направи форматот подобар, наместо форматот да се контролира од тој кој го произведува и кој го има во сопственост, забранувајќи било какви измени врз него. Владите во зголемен број покажуваат интерес за прашањата поврзани со отворените формати.